17 Мај, 2024
0.0296

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ СЛЕДЕТЕ ГИ: Правилата за успех на Бил Гејтс

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Бил Гејтс, ко-основачот на Microsoft и долгогодишен CEO на Microsoft, беше оценет на 7-мо место на листата за најмоќните личности во светот.

Тој продолжува да придонесува за глобалниот развој творејќи неверојатни работи и развива активна добротворна работа заедно со жена му, преку фондацијата "Бил и Мелинда Гејтс".

Тој дефинитивно има што да му каже на светот и поради придонесот вреди да биде слушнат.

Еве неколку цитати за животот, лидерството и успехот од Бил Гејтс:

-"Интернетот станува градскиот плоштад на глобалното село на утрешнината".

-"На другите не им е гајле за твојата самопроценка и самодоверба. Тие ќе очекуваат од тебе да постигнеш нешто пред да се чувствуваш добро! "

-"За поголемиот профит, понекогаш треба да преземеш и големи ризици".

-"Животот не е фер! Навикнете на тоа ".

-"Миење садови во кафетеријата не е под твоето достоинство. Твоите предци користеле друг назив за оваа работа. Тие тоа го нарекувале можност ".

-"Успехот е многу лош учител. Тој тера многу умни луѓе да мислат дека не можат да изгубат "

-"Ако не можеш да го направиш добро, тогаш барем погрижи се да изгледа добро".

-"Избрав мрзелив човек да заврши тешка задача. Бидејќи мрзелив човек ќе најде лесен начин да ја исполни ".

-"Ако им покажеш на луѓето каде е проблемот и ако им дадеш решенија, тогаш тие ќе бидат предизвикани да дејствуваат".

-"Бизнисот е игра во која максимум коцкање се комбинира со минимум правила".