05 Мај, 2024
0.0281

АКО САКАТЕ, ВИЕ ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО БИТКОИН, НО ПОТОА НЕ ДОАЃАЈТЕ КАЈ МЕНЕ - хрватскиот гувернер Вујчиќ за криптовалутите

Објавено во: Финансии 07 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Хрватскиот гувернер Борис Вујчиќ, кој е во посета на нашата Народна банка, смета дека криптовалутите, меѓу кои се биткоинот и етерумот, всушност и не се валути, туку се еден вид имот.

„Тоа не се валути, туку е имот, исто како што е на пример нафтата, или пченицата“, вели Вујчиќ.

Долгогодишниот и реномиран хрватски гувернер, Вујчиќ, како што е познато, е во посета на Народна банка на Република Северна Македонија и на нашата гувернерката Анита Бежоска-Ангеловска.

Тој денеска имаше неформална средба со новинарите од земјава, на која беа разменети мислења на повеќе актуелни теми, меѓу кои и прашањето за криптовалутите. 

Со оглед што не станува збор за валути, вели Вујчиќ, за криптовалутите не се надлежни централните банки ширум светот. Централните банкари не поддржуваат инвестирање во биткоинот, етерумот, или другите криптовалути, бидејќи нивната вредност не е гарантирана од некоја централна банка.

Тоа, иако се смета за имот, не е „нешто што на пример, може да се јаде“, или да има некоја друга вредност.

„Дали да вложувате во биткоин е прашање што треба да им се постави на инвестициските советници. Тоа е исто како да ме прашате дали да инвестирате, на пример во злато, или во нешто друго. Така што, јас на оние што прашуваат дали да се инвестира во криптовалутите, јас им велам - тоа вие си го знаете, слободно инвестирајте, но не доаѓајте потоа кај мене да се жалите“, објасни пластично Вујчиќ.

Овој став е исти со ставот на нашата централна банка, која од поодамна извести што треба да знаат граѓаните за криптовалутите. 

Од Централната банка на земјава предупредуваат дека во глобални рамки не постои регулатива за крипто-средствата, што важи и за биткоинот, како и дека граѓаните од земјава што планираат да инвестираат во биткоини треба да знаат дека тоа носи голем ризик, како и дека неговата вредност не е гарантирана од некоја централна банка.

„Во глобални рамки, тековно речиси не постои регулатива која го регулира издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средства, иако потребата за регулирање станува сѐ поочигледна. Истои во нашата земја, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средства не е регулирано. Тековно, Народната банка не подготвува одделна регулатива, но се прават анализи и се следат сите глобално актуелни прашања за крипто-средствата, следејќи ги практиките и на централните банки од ЕУ“, објаснуваат од НБМ.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот