28 Јули, 2017
0.4961

Ако сте шеф кој сакате да го обожуваат сите, треба да ги поседувате овие карактеристики

Објавено во: Финансии 17 Јули, 2017

Пријатнaта и релаксирана атмосфера во канцеларијата е клучна за успехот на секоја компанија. Еден од луѓето кои носат најголема одговорност за атмосферата, е - се разбира - шефот. Најдобрите бизнис лидери се обидуваат да направат така што 80% од работата да биде забавна и задоволувачка, а останатите 20% да бидат под форма на здрав стрес кој ќе ја подржува мотивацијата, пишува Entrepreneur. Најпосакуваните менаџери знаат дека треба да се стремат токму  за тоа. А еве и кои се нивните заеднички карактеристики.

1. Тие се практични

Добрите менаџери ги разбираат основните принципи на управување и користат широк спектар на техники за да ги пречекаат индивидуалните потреби и желби на секој од членовите на својот тим. Тие се исклучително внимателни при донесувањето одлуки и изнаоѓање на одговор на даден проблем.

2. Тие се позитивни

Кул менаџерите се оптимисти. Тие поставуваат позитивен тон на работа и секојдневно ја унапредуваат соработката меѓу своите вработени. Од друга страна, оние кои се дистанцираат и се несоработливи менаџери создаваат предуслови за непродуктивна работа. Успехот е потежок за постигнување кога луѓето работат под неповолни услови.

3. Тие го сакаат она што го прават

Почитуваните менаџери ја сакаат својата работа. Токму таа љубов ги тера постојано да учат нови работи и да ги развијат своите вештини. Тие инвестираат во своето време и ресурси во самообразование и обука. Кога еден менаџер има слична страст и посветеност кон работата, тој ги инфицира со ентузијазам сите луѓе околу себе.

4. Тие знаат како да ги мотивираат

Најдобрите менаџери имаат способност да го мотивираат апсолутно секој вработен. Постојано се прашуваат како можат да го покренат духот на својот тим. Развиваат кај вработените чувство за врска помеѓу нивната среќа и нивните професионални достигнувања. Овие менаџери знаат дека за да ги инспирираат членовите на својот тим, треба да им покажат дека нивната работа е дел од нешто поголемо.

Шефовите кои се допадна од сите, поседуваат овие 4 црти


Можеби ќе ве интересира

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: Успешни претприемачи кои бизнис почнале после 35 години

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: Успешни претприемачи кои бизнис почнале после 35 години

Во една реченица рекол се: Инвестира во стартапи и има совет за сите кои сонуваат за својот бизнис

Во една реченица рекол се: Инвестира во стартапи и има совет за сите кои сонуваат за својот бизнис

Чесите молат, им требаат работници

Чесите молат, им требаат работници

Што се содржи договорот со Бугарија?

Што се содржи договорот со Бугарија?

ТРИЈАТ РАЦЕ: Во овој град платите имаат висок скок

ТРИЈАТ РАЦЕ: Во овој град платите имаат висок скок

ШАНСА ЗА РАБОТА: Ќе бараат над 637.000 пилоти

ШАНСА ЗА РАБОТА: Ќе бараат над 637.000 пилоти

Најпродуктивни економии во светот: Овие нации прават најмногу пари за најкратко време

Најпродуктивни економии во светот: Овие нации прават најмногу пари за најкратко време

Милионер дава десет совети за богатство

Милионер дава десет совети за богатство

ПРЕТПРИЕМАЧ РАСКАЖУВА: За бизнис е потребна просторија, компјутер и неколку стотини евра

ПРЕТПРИЕМАЧ РАСКАЖУВА: За бизнис е потребна просторија, компјутер и неколку стотини евра