Албанките раѓаат за 50 отсто помалку од светскиот просек
Објавено во: Балкан 20 Декември, 2019
Албанските жени раѓаат за 50 проценти помалку од светскиот просек. Жните кои живеат во Албанија од година во година се откажуваат од мајчинството, драстично го намалуваат бројот на родени бебиња, пишува INSTAT.
Во 2018 година овој феномен беше уште поизразен кога просечниот број на деца родени по жена достигна историски негативен рекорд. Индексот на плодност беше само 1,37 деца по жена од 1.48 деца во 2017 година и од 1.73 деца во 2014 година, според податоците на ИНСТАТ.
Брзиот пад на бројот на раѓања ја стави Албанија под стапката на природна репродукција, што треба да изнесува 2,1 деца по жена. Албанија е исто така далеку под глобалната стапка на плодност, која во 2017 година изнесуваше 2,4 деца по жена, според податоците на Светската банка. Албанските жени раѓаат скоро 50 проценти помалку деца од глобалниот просек.
Како резултат на ниската плодност и високата емиграција, албанското население се намалува, додека нејзината структура покажува дека населението оди кон стареење.
Според пресметките на ИНСТАТ, имиграцијата е главен фактор во падот на стапката на наталитет.