26 Април, 2024
0.1012

Албански краставици и бугарски домати ги преплавија пазарите, земјоделците бројат загуби!

Објавено во: Агробизнис 05 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Струмичките земјоделци нудат две опции за решавање на проблемот со откупот на доматите. Предлагаат владино-израелската компанија за промоција и продажба на земјоделски производи “Агриленд”, да го откупи вишокот на градинарски производи. Земјоделците велат дека домати,вкраставици и зелка има, но нема кој да ги откупи, бидејќи трговците увезле домати од Бугарија и краставици од Албанија, и на тој начин ја рушат цената на домашното производство. Другата опција за надминување на проблемот според земјоделците е да се искористи членот 37 од Законот за земјоделство и рурален развој и да им се помогне во надминувањето на проблемот, односно да се направи интервентен откуп и поддршка за складирање. - Не ми е јасно зошто кога има доволно количество домати, зелка и корнишони, трговците увезуваат. Уште по нејасно  е што работи владината компанија “Агриленд”, која што беше оформена да реагира токму во вакви ситуации, да не спаси од повеќегодишната уценувачка пракса на трговците, и да го откупи вишкот. Неколку пати реагиравме и до Министерството за земјоделство, но сеуште не добивме никаков одговор, вели Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на земјоделски здруженија. Цената на доматите на струмичкиот пазар на големо деновиве продолжи да паѓа. Земјоделците велат дека сега една гајба во која што има 8 килограми домати се продава за 50 денари. Според нивните проценки килограм домати ќе се откупува и за само 4 денари килограм. По три денари се откупува зелката, а од 6 до 8 денари за килограм корнишоните. Цената на долгата краставица од почетокот на откупот е намалена од 35 денари на 20 денари за килограм. Но, наспроти ниските откупни цени, последните статистички податоци за септември годинава покажуваат зголемување на малопродажните цени на пазарите токму на доматите и зелката. Дел од земјоделците пак сметаат дека причината за падот на цената на доматите е поради неодамнешниот вратен контингент од 300 тони струмички домати од Русија и Украина, поради како што велат постоењето на штетникот "тута-апсолута". За нив е нејасно како Фитосанитарната Управа си дозволила ваков пропуст. Доматите како што велат струмичките земјоделци биле вратени на домашниот пазар, што било и причина за драстично намалената цена. Инаку втората реколта од домати под пластеници се очекува да биде од 30.000 до 50.000 тони. -Домати има, задоволни сме и од количествата и од квалитетот, ако се има добра стратегија од овие количества 10 отсто треба да остане за покривање на домашните потреби, а остатокот да се извезе.  На почетокот на септемрви цената беше добра околу 30 денари за килограм, но тогаш имаше само 5 отсто од производството. Овие количества ќе траат до Нова Година, од една страна тоа е добро но од друга страна е лошо што производството не го претвораме во промет, објаснува Велков. Ваквите ниски откупни цени, го прават тотално нерентабилно раноградинарското производство. На терен дел од земјоделците од хектар во втората реколта произвеле и по 50 тона. Според нивната математика ваквото производство ги чини од 350.000 до 500.000 денари. - Но, математиката со заработката на крајот не излегува, трошоците се високи, откупните цени ниски, а од друга страна субвенциите за хектар се 20.000 денари, за што попрво ќе помогнат овие пари. Од друга страна и во петгодишната Програма за развој на земјоделство, нема никакво зголемување на субвенциите за градинарството, вели Велков Според инфомрациите на Синдикатот на земјоделски здруженија,  дел од производителите на градинарски култури, сеуште немат земено субвенции за 2011 година. С.Ј.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади