Alibaba инвестира 2,9 милијарди долари во ланец хипермаркети
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2017
Кинескиот гигант во онлајн трговија Alibaba стекнува 36 проценти од кинескиот ланец хипермаркети Sun Art Retail за околу 2,9 милијарди долари, соопшти агенцијата Блумберг.
Sun Art Retail има 400 продавници кои работат под брендот Auchan и RT-Mart. Како дел од договорот француската Auchan Retail SA ќе го зголеми уделот во Sun Art Retail до такво ниво и ќе создаде сојуз со интернет гиганти, за да работат во кинескиот сектор на трговијата на храна на мало.
Договорот е последната инвестиција на Alibaba во традиционалните малопродажни синџири во потрага по амбицијата да се трансформира традиционалниот малопродажен сектор во вредност од 4 трилиони долари.
Големиот експеримент на Alibaba во традиционалниот сектор на трговијата на мало е во самиот почеток, но ако е успешен, може да поведе убедливо пред Amazon на арената на фрагментиран свет на физичките трговски синџири. Компанијата на Џек Ма потроши милијарди да купува продавници за храна , трговски центри и стоковни куќи многу пред Amazon да објави дека го стекнува за 13,7 милијарди долари ланецот продавници за биохрани Whole Foods.
Чистата добивка на Alibaba за првиот квартал од финансиската година 2017-2018, од април до јуни, се зголеми 1,96 пати годишно на 2,07 милијарди долари.
Приходите за овој период се зголемија за 56 отсто на 7,4 милијарди долари.