Алијансата за Албанците во Гостивар ќе ги претстави адутите за изборите
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2017
Алијансата за Албанците вечер (19:30) во Отворениот театар во Гостивар ќе одржи промотивна конвенција за претстојните локални избори.
На конвенцијата ќе бидат претставени кандидатите за градоначалници и за советници, како и изборната програма 2017 – 2021, информираат од Алијансата за Албанците.
Главни адути на Алијансата ќе бидат Таравари како кандидат за Гостивар и Зијадин Села повторно за Струга.