20 Мај, 2024
0.3411

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите; се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи; секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, при тоа ставајќи акцент на врвниот приоритет: Здравјето на луѓето. 

Сето ова се случува во услови кога над 200 наши вработени кои припаѓаат на ризичните групи граѓани се отсутни од работа, па мораме да ги пополнуваме упразнетите места во производните погони со кадар од административните сектори. Почнувајќи од денес, ќе мораме да ги адаптираме и сменските работења во согласност со дозволените термини на движење, имајќи предвид дека голем дел од нашите вработени доаѓаат на работа од подрачја кои гравитираат кон градот Скопје, а сѐ со цел да ги исполниме барањата на пазарот со наши производи. Во услови кога сите светски економии се оставени сами на себе и се борат за ублажување на ефектите од нова економска криза, кога губењето на работни места е неминовен дел од таа сурова реалност, кога логистичките пречки ја добиваат битката за пласман на производите, ретки се компаниите кои можат да ги надминат овие предизвици и да помогнат на своите економии во вакви тешки времиња. Додека сѐ уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи. Информацијата за намалувањето на цените на овие производи е проследена до сите чинители во дистрибутивниот ланец (веледрогерии, аптеки, дистрибутери и поголеми ланци на маркети) и истото намалување очекуваме дека ќе се пренесе до крајните корисници. „Алкалоид АД Скопје“, денес донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза. Осврнувајќи се на сите кризи низ кои компанијата минала во изминативе 84 години постоење, оваа е можеби најневообичаената до сега. Изолација сред цивилизација, страв од непознато, борба за зачувување на најскапоценото: здравјето на луѓето. 

Љубезно апелираме до целата македонска јавност да ги следи и најодговорно да ги почитува препораките на Министерството за здравство и Владата со цел да се превенира најлошото можно сценарио, апелираат од компанијата Алкалоид. 

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО