19 Мај, 2024
0.0308

Алтернатива обвини дека семејство од Гостивар е малтретирано во Србија поради албански симболи на маица

Објавено во: Македонија 26 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Србија станува опасна за секој Албанец, а Македонија е нејзин полигон, oбвинуваат од Алтернатива.

Тие реагираат по објавата дека албанско семејство од Гостивар било малтретирано во Србија, затоа што еден од патниците во возилото имал албански етнички симбол на својата маица.

„Притоа, не можеме а да не заклучиме дека ваквото албанофобично однесување на Србија кон Албанците, овој пат граѓани на Северна Македонија, покажува дека ништо не се променило во Белград од времето на Милошевиќ и дека соништата на Ковачевски и Али Ахмети за „Отворен Балкан“ Вучиќ ги превртува кога сака и како сака. Дополнително, индикативно е дека овој чин се совпаѓа и со кампањата на Владата на Северна Македонија што се прави против албанските етнички симболи, што се појавија пред неколку дена на еден митинг во Тетово. Всушност, најголемата грижа е што Северна Македонија, со оваа Влада, станува полигон на Србија“, пишуваат од Алтернатива.

Партијата бара официјални информации од Министерството за надворешни работи дали Македонија ќе реагира до Србија и на кој начин. 

Во српската јавност неодамна имаше бурни реакции откако косовскиот премиер Албин Курти вееше знаме на Голема Албанија во Тетово. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична