04 Мај, 2024
0.0257

АЛТЕРНАТИВНИ ГОРИВА

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Обновливите извори што се користат во транспортот на ниво на ЕУ се во постојан раст и во 2018 година нивниот удел изнесува 8 проценти. Целта е до 2020 година да се достигне нивото од 10 проценти, а во 2030 до 14 проценти.

Во нашата земја обновливите извори на енергија во транспортот учествуваат со само 0,117 проценти во 2018 година, што е намалување во однос на претходните години. Рекорден удел сме оствариле во 2014, кога сме имале удел од 0,197 проценти.

Европскиот зелен договор, претставен од Европската комисија во декември 2019 година, предвидува дека пристапот до ресурси е стратешко безбедносно прашање за ЕУ во однос на нејзината амбиција за исполнување на планот за климатски неутрален континент до 2050 година. 

Една од приоритетни области на договорот се алтернативните горива и забрзување на трансферот кон одржлива и паметна мобилност. Транспортот според извештајот на ЕК учествува со една четвртина во целокупната емисија на стакленички гасови во ЕУ. За постигнување на климатска неутралност, според проценките е потребно намалување од 90 проценти на емисијата од транспортот до 2050 година. Сите, патничкиот, железничкиот, авионскиот и водениот транспорт ќе треба да придонесат кон намалувањето.

Паралелно, според Европскиот зелен договор, ЕУ треба да го забрза производството и развојот на одржливи алтернативни горива. ЕК најавува дека ќе ги искористи легалистичките можности за поттикнување на производство и користење на алтернативни горива за различни модели на транспорт, додека истовремено се направи доработка на директивата за Инфраструктура на алтернативни горива за зголемување на користењето на возила со нулта и ниска емисија на гасови.

За остварување на оваа цел, ЕУ со директивата 2009/30/ЕЦ овозможува мешање на етанол во бензин до 10 проценти, како и Fatty acid methyl ester - ФАМЕ, односно биодизел  во дизел горивата со содржина од 7 проценти.

Следејќи ги европските стандарди и препораки, „Макпетрол“ во 2007 година изгради сопствена фабрика за производство на биодизел, исполнувајќи го при тоа техничкиот стандард на Европската Унија ЕN 14 214. Meшањето со фосилниот дизел се одвива во сопствени инсталации според стандардот EN 590. На пазарот за течни горива ова гориво „Макпетрол“ го пласира под името Биодизел Б6, што претставува бленд од 6% биодизел и 94% еуродизел.

Контролата на квалитет на овие горива „Макпетрол“ го врши во сопствената меѓународно акредитирана лабораторија, согласно важечките стандарди за овие видови гориво.

8 проценти од енергијата за транспорт во ЕУ е од обновливи извори 

Процентот на енергија од обновливи извори што се користи во транспортот на ниво на ЕУ во 2018 година изнесува 8 проценти, споредено со 7,1 процент во 2017 и 1,4 проценти во 2004 година, покажуваат податоците на Евростат.

Од земјите членки Шведска има најголем удел со 29,7 проценти, пред Финска со 14,1, Холандија со 9,6 и Австрија со 9,8 проценти. Најмал удел на обновливи извори на енергија во транспортот имаа Кипар со 2,7 проценти, додека ниски проценти под 4 отсто имаат и Хрватска, Грција и Естонија. Бугарија има удел од 8,06 проценти.

Северна Македонија има удел од само 0,117 проценти во 2018 година, што е намалување во однос на претходните години, каде во 2014 овој удел изнесува 0,197 проценти. Србија има 1,16 проценти енергија од обновливи извори во транспортот, додека Црна Гора 0,86 проценти.


Биогоривата се во голем дел компатибилни со конвенционалните возила и може да се користат во мешавина со актуелните фосилни горива. ЕУ во насока на декарбонизација и остварување на поставените цели со Директивата 2009/28/ЕЦ поставува таргет до 2020 година уделот на енергија од обновливи извори во транспортот да биде 10 процент.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото