04 Мај, 2024
0.0287

Америка и Русија си ги мерат мускулите за Јужен поток?

Објавено во: Анализа 10 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Мегагасоводниот проект Јужен поток предизвика вистинска војна помеѓу Русија и Европската унија, но доброупатените во енергетиката велат дека ова всушност ова е судир на релација САД - Русија. За прв пат после студената војна, во светот започнува нова војна, а тоа е борбата за природниот гас.   

Последните препукувања за гасоводниот проект Јужен поток на релација Русија - ЕУ, отвораат нови прашања на светската политичка сцена, а всушност вистинската војна за природниот гас веројатно допрва почнува. Различни коментари и предвидувања нудат доброупатените за тоа што ќе се случува во следниов период на оваа тема. За едни, суштината била во намерата на американците кои сакаат да го преземат бизнисот со природен гас во Европа, гледајќи ја токму на европско тло единствената шанса за финасиски да закрепнат после големата криза. Други аналитичари пак тврдат дека до 2017 година САД ќе стане најголеме производител на природен гас, но предвидувањата се дека американците ќе ги напаѓаат пазарите во целиот свет, а не само европските. Според нив, и на последната средба на американскиот претседател Обама и грчкиот премиер Самарас, Самарас го информирал Обама дека имаат откриено наоѓалишта во Јонското море и околу Крит, кој би биле доволни во следните 40 години да ја снабдуваат цела Европа со гас.

Течен гас со танкери ќе стасува до целиот свет

Аналитичарите коментираат дека најверојатно една од идеите на американците е да се ослаби рускиот нафтен гигант „Газпром“ кој во вкупниот руски буџет учествува со речисии 22%, така што со условно кажано напаѓањето на „Газпром“ во бизнисот со природен гас финансиски ќе се ослаби и Русија. Дали и како американскиот течен гас кој со танкери ќе се транспортира низ светските пазари, ќе се види за кратко време. Идејата на американците, велат аналитичарите е да се остави Русија само со Северниот тек и токму затоа европските пораки за преиспитување на договорите за проектот Јужен поток, се со цел да не стартува овој мегагасоводен преокт, чија изградба веќе е започната. Доброупатените не ја исклучуваат можноста сега Русија да предизвика криза со природниот гас.

Европската комисија ги повика земјите да ги изменат меѓувладините договори со Газпром

Европската Комисија ги повика земјите потписнички, меѓу кои и Македонија,  да ги изменат меѓувладините договори со руски Газпром и да ги усогласат со европската легислатива. И договорот на Македонија е во спротивност со европските директиви, затоа земјава ќе мора да го усогласи меѓувладиниот договор со русите најави неодамна во интервју за 24 Вести првиот човек на Европската енергетска заедница Јанез Копач. Од македонската Влада се уште размислуваат како да одговорат на забелешките. Европската Комисија ги спори билатерланите договори затоа што во нив  „Газпром“ се позиционира како монопол кој самиот ја одредува цената на гасот, а во истовреме е  произведувач, дистрибутер и  сопственик. Овој европски став, предизвика жестока реакција, од страна на Русија. Ние сме потписници на овие договори и тие и се достапни на јавноста со години и затоа сме изненадени и разочарани што Комисијата дури сега ја изразува својата загриженост, по започнувањето со изградбата на гасоводот. Овој незгоден тајминг е уште помалку разбирлив ако се земе во предвид дека изградбата на Јужен поток е определен како национален приоритет за неколку земји - членки на Унијата, наведува „Газпром“ во соопштението. Русија најави дека подготвува тужба против ограничувањата на ЕУ.

Промената на договорите ќе предизвика последици во соработката помеѓу Русија и европските компании

Откако Европската комисија ги повика земјите низ кои проаѓа Јужен поток да ги сменат договорите со руски Газпром или да ја стопираат изградбата - државите со свои реакции. Дел велат дека тоа е работа помеѓу Русија и Европската унија, а дел тврдат дека изградбата не е спорна. Од соседна Србија велат дека недозбирањето за проектот треба да се реши помеѓу официјална Москва и Брисел. Српскиот премиер Ивица Дачиќ потсетува дека како сопственици освен Газпром се јавуваат и европски компании од Италија, Франција и Германија. Според руските консултанти клучниот збор ќе го имаат Русија и Европа, но тврдат дека ќе има последици врз соработката помеѓу Русија и европските компании.

Во Србија почна изградбата на Јужен поток

Пред околу две недели со заварување на првата цевка во местото Шајкаш, симболично е означен почетокот на изградбата на гасоводот „Јужен тек”  во Србија. Градежните работи во полн ек ќе почнат во февруари догодина, а пуштањето на гасоводот во употреба се очекува да биде во 2016 година. За изградбата на српскиот дел од гасоводот, до првиот квартал на следната година, ќе бидат на располагање околу 500 милиони евра, кои ќе ги обезбедат Гаспром и Србијагас. Делот на„ Јужен тек “ низ Србија ќе биде долг 421 километри и предвидува изградба на две гранки - во Хрватска од 52 километри и во Република Српска од 105 километри. Планирано е од гасоводот да бидат пуштени краци и кон Македонија, Република Српска и Косово.

Македонија се колне во Европа,  а трепка накај Русија

Не е исклучена можноста Газпром наскоро да влезе во Македонија и тоа во ТЕЦ Неготино, тврдат за Фактор  доброупатени извори. Наводно според информациите, ова било и една од темите за кои разговарале премиерот Никола Груевски со првиот човек на руски Газпром Алексеј Милер, при неговата неодамнешна експресна посета во Скопје. Доброупатени извори за Фактор тврдат дека интерес на рускиот енергетски гигант за ТЕЦ Неготино постоел уште од 2005 година.

Споре нашите информации веќе од следната година се очекува почеток на изградбата на цевководот од Клечовце до Неготино. Носител на проектот е руската компанија „Стројтранс гас“ со што практично се оечкува заокружување на рускиот клириншки долг. Во оваа конотација наводно русите биле заинтересирани и за ТЕЦ Неготино.

Инаку, магистралниот гасовод во должина од околу 100 километри ќе се изведува како крак од постоечкиот гасовод кај кумановското село Клечовце, преку Штип и Неготино до ТЕЦ Неготино. Првичната финансиска конструкција изнесува 75 милиони долари, од кои 60 милиони долари се обезбедени од рускиот клириншки долг кон Македонија, а останатите 15 милиони долари од буџетот.

И.М

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад