АМЕРИКАНЦИТЕ ГОРАТ: Пеколни температури кои достигнуваат до 48 степени Целзиусови и откажани летови
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2017
Ден пред официјалното почнување на летото, југозападот на САД го погодиле големи горештини, а температурата во поедини градови достигнала и 48 степени Целзиусови.
Најлошо е во Феникс, каде е забележана температура од 48 степени, а ништо подобро не е ниту во Лас Вегас каде се забележани 47 степени.
Високи температури се забележани во Аризона,Невада и Калифорнија.
Поради горештините, во Лос Анџелес се отворени центри за разладување каде жителите, кои немаат клима уреди, може да се разладат до 22 часа.
Поради топлото време компанијата Американ ерлајнс откажала околу 40 летови од аеродромот во Феникс и наведува дека на патниците ќе им биде овозможена замена или враќање на карта без такса.
Портпаролот на таа компанија објаснува дека помали регионални авиони не можат да летаат кога температурите се 48 степени, што го одредил произведувачот на Бомбардиер.
Поголемите авиони, кои ги произведува Боинг или Ербас имаат поголемо дозволено ниво на температура, но комапниите мора да го следат слетувањето на авионот во текот на летот.
Истовремно и лекарите ги предупредиле граѓаните да бидат внимателни на бетон, игралишта и внатрешноста на автомобилот.