АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПОЧЕСТО ГРАДАТ БУНКЕРИ: Дали причината е Северна Кореја?
Објавено во: Свет 10 Август, 2017
Американската компанија „Rajzing S“ која се занимава со градење на бункери соопштува дека интересот за подземни засолништа пораснал за 90% откако се влошени односите меѓу САД и Северна Кореја.
Според Гери Линч од компанијата најголема побарувачка има во Јапонија.
Тој вели дека граѓаните на оваа земја се исплашени дека може да дојде до нуклеарна војна и затоа се подготвуваат.
Откако Северна Кореја имаше нуклеарна проба, и во САД интересот за бункери порасна.