07 Мај, 2024
0.0217

Кои се петте американски производи кои Кинезите ги обожаваат?

Објавено во: Анализа 18 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Произведено во Кина "е познатата  етикета на облека, играчки, апарати за домаќинство и други производи кои Американците ги купуваат. Всушност глобалниот трговски суфицит на Кина достигна петгодишен врв. Извозот на САД во Кина оваа година до октомври се зголеми за 6,9% во однос на истиот период минатата година. Тој достигна 96 милијарди долари.  Октомври пак е месец на рекорди, извозот од САД достигна 13,1 милијарди долари, според податоци на US Census Bureau, цитирани од Market Watch. Детроитската компанија General Motors е најголемиот странски производител на автомобили во Кина. Нејзиниот Cadillac очекува двојно да ја зголеми продажбата во Кина до 2016 година. Според изгледите извозот од Америка кон Кина доживува ренесанса. Корпоративна Америка сепак има причина да се држи до  Кина. Еве кои се петте американски производи, кои Кина ги  сака најмногу. 1. авиони Зголемувањето на богатството и поволната демографија на Кина му  даваат на бизнисот со авиони големи можности за развој. Продажбата на американски патнички авиони, мотори и делови за нив во Кина достигна 10,2 милијарди долари во првите десет месеци од 2013 година.  Тие  ги победија минатогодишните резултати од 8,4 милијарди долари вкупно за целата 2012 година Очекувањата за следните 20 години се дека Кина ќе има потреба од 5600 нови авиони. Тие се со 320 повеќе отколку прогнозата од минатата година. 2. соја Земјоделството претставува околу една петтина од целиот извоз на САД во Кина. На врвот на листата е токму сојата, следени се пченицата, пченката и памукот. Во првите 10 месеци од оваа година Кина внела американска соја во вредност 7,4 милијарди долари. Увезените производи од соја се обработуваат за масло и добиточна храна, а самата соја се користи за храна. 3. автомобили General Motors и Ford Motor повеќе настапуваат на кинескиот пазар на позадината на силната побарувачка на нови возила во земјата. Продажбата на Ford во азиската држава се зголемија за 51% во првите 11 месеци на 2013 година во однос на истиот период минатата година. Ford Focus пак е најпродаван седан во октомври. Од своја страна General Motors има 15% од пазарот во Кина. 4. алуминиумски отпад Потребата на Кина од рециклирани метали за индустриска употреба постепено слабее, но сè уште е релативно стабилна. САД, пак е водечки снабдувач на остатоци од алуминиум, бакар, хартија и други материјали. Најмногу барани сепак се алуминиумските остатоци. Извозот од САД кон Кина во првите 10 месеци од годината се изедначува на 1,9 милијарди долари. 5. компјутерски чипови Микрочипови, создавани во САД, најдоа пат кон Кина, каде што се монтираат во електронските производи, со кои земјата е толку позната. Извозот на САД кон Кина на компјутерски чипови до октомври 2013 година изнесува 1,9 милијарди долари. K.K

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад