26 Април, 2024
0.0256

АНАЛИЗА: Буџетските приходи се намалуваат, економијата расте? 

Објавено во: Финансии 04 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Зошто владините буџетски проекции и лани потфрлија? Дали податоците за буџетските оствaрувања уште еднаш покажаа дека на хартија се проектира поулизам, а економијата испорачува сосема нешто друго? Серија на прашања отворија последните, најнови податоци на Министерството за финансии во однос на остварените приходи, расходи и буџетскиот дефицит во 2014 та година.  Приходите се пониски за 6,1% во однос на проекцијата со ребалансираниот буџет. Според дел од економистите  дефициитот во државната каса повторно надмина 4% од БДП, што е сигнал за опасност за раст на јавниот долг. Економиситите порачуваат – време е да се кројат реални буџети! Во година, како ланската, која според Владата е една од економски најуспешните, со испорачани позитивни стапки на економски раст, стопанството и граѓаните, сепак не успеаја да ја наполнат буџетската каса онака како што планираше Владата. Според податоците, лани приходите во буџетот биле пониски за 6,1% во однос на проекцијата во веќе ребалансираниот буџет. “Факт е дека приходите се проектирани преоптимистички. Податоците за ланскиот буџет покажуваат дека е недостижен планот за да се обезбедат 2,5 милијарди евра на приходната страна, со оглед на тоа што на крајот од годината се собраа 2,37 милијарди евра“, вели универзитетскиот професор Трајко Славески. Според професорот Славески, време е буџетот да се конципира врз основа на реалните кацапитети на економијата, која ја полни државната каса . “Конечно треба при планирање на идните буџети да се сфати капацитетот на македонската економија, и врз основа на тоа да се направт реални позиции на приходната и на расходната страна. Лани да се потсетеиме имаше ребаланс на буџетот, но тоа беше главно козметичка интервенција. Ваквите нереални планирања на приходите практично создаваат тензија на расходната страна.“ И на расходната страна, според податоците на Министерството за финансии се потрошиле помалку пари од планираното. Имено, Владата лани планираше да потроши  2,8 милијарди евра. Податоците, заклучно со декември покажуваат дека биле потрошени 2,7 милијарди евра. Целосна реализација нема ниту кај ставката кај капиталните расходи, која ја отсликува развојната компонента на буџетот. Така, за дванеест месеци за капитални расходи се потрошиле скоро 287 милиони евра или 83,5% од планираното за 2014 та година. Од Владата коментираат дека нивото на остварување на капиталните расходи е едно од највисоките во последните неколку години, особено што лани започна реализацијата на  крупните инфраструкурни проекти поврзани со изградбата на двата автопати, Скопје-Штип и Кичево-Охрид. Големи буџетски трошења, мал економски раст ! Економистите потсетуваат дека проблем не се само разликите меѓу проекциите и остварувањата, туку и континуираниот раст на буџетот, односно трошењата кои не се проследени со соодветна стапка на раст на БДП. “Доволно е ако се знае дека во целиот период по 2006 година буџетските расходи, просечно, растат  побрзо од просечниот пораст на  БДП во земјата. Просечната стапка на трошење на буџетските средства е за над 20% повисока од просечната стапка на растот на БДП. Ова зборува дека со 1%  буџетски пари не се обезбедува ниту  1%  пораст на БДП, а во поефикасни економии ваквиот ефект е значително поголем. Тоа зборува за нивно поефикасно користење на срадствата на граѓаните, наспроти кај нас“, смета економистот и аналитичар Крсте Шајноски. Според него, и натаму проблем во буџетската структура се непродуктивните трошења, кои се потешко се финансираат. “Зошто  имаме ваква ситуација? Најчесто, проблемот се лоцира во лошата распределба на средствата што се изразува во запоставување на производната наспроти финалната потрошувачка. Во рамките на оваа забелешка се укажува и на појавата на доминација на непродуктивните капитални инвестиции во однос на изградбта на продуктивни, кои генерираат раст.“, оценува економистот Шајноски. Во пакет со неостварените буџетски приходи и расходи за економската 2014 та година, повторно се продлабочи буџетскиот дефицит за 40 милиони евра во однос на прокцијата. “Со оглед на тоа што буџетскиот дефицит повторно е подлабок од прокецијата, тоа е и показател за опасноста од раст на јавниот долг, кој според мене не е препорачливо да се зголемува. Сега повторно тој дефицит е околу или над 4%, ниво кое е повисоко од прокецијата и кое во иднина мора да го намалиме. Ланската година покажа дека имавме промашени проекции и неопходно е тие да бидат реални“ Според владините проекции минусот во државната касата требаше да изнесува 320 милиони евра или 3,5% од БДП. Според податоците, буџетскиот дефицит е подлабок за околу 40 милиони евра, и тој на крајот од 2014 та година изнесува 360 милиони евра. Меѓународните финансиски институции и кредитори препорачаа буџетскиот дефицит да не се продлабочува а во периодот што следува и да се намалува. За годинава Владата го проектираше еден од најгломазните буџети. Така, во 2015 та година е планирано да се обезбедат 2,65 милијарди евра а да се соберат 2,95 милиони евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5% од БДП. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат