03 Мај, 2024
0.0255

АНАЛИЗА: Македонија, критичните економии и земјите кандидати!

Објавено во: Анализа 06 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Несоборлива невработеност, зголемување на јавниот долг, буџетски дефицит повисок од 3%. Оптимизам најавуваат погнозите за економски раст. Ова се клучните поенти од најновиот есенски Извештај на Европската Комисија посветен на проценките и очекувањата за клучните параметри на регионалните, европските и останатите економии во светот.  Споредбената анализа на бројките од извештајот, што ја направи “Фактор“ покажува дека Македонија останува неприкосновен лидер според стапката на невработеност и во однос на земјите – членки на Европската Унија и во однос на оние што имаат кандидатски статус, како нас. Невработеност: Македонија лидер! Според есенскиот Извештај на ЕК, невработеноста во земјава годинава ќе изнесува 30%. Намалување на стапката се очекува а во следните две години, така според прогнозите догодина невработеноста  ќе се намали на  29% додека во 2015 та стапката ќе изнесува 28,1%. И со оваа тенденција на намалување, Македонија останува земја-лидер според бројот на невработени, подобри од нас не се само кризните економии, туку и оние што имаат кандидатски статус за членство во Европската Унија. Еве какви стапки на невработеност догодина ќе имаат земјите-кандидати:
  • Македонија  29,0%
  • Црна Гора    19,5%
  • Србија           24,0%
  • Турција            9,9%
“Споредено со крајот на 2012 та година, стапката на невработеност се намали и од 31 процент се симна на 28,8 отсто, што до одреден степен го одразува зголеменото активно учество на порано невработени лица на пазарот на трудот и построгите процедури за регистрација. Во однос на развојот на аутпутот, голем дел од новите работни места се создадени во градежниот сектор.“ – пишува во есенскиот извештај и се додава: “Состојбата на пазарот на трудот останува особено тешка за младите лица, со стапка на невработеност на оние на возраст од 15 до 24 години на 51,7 проценти, што е сепак намалена за 1,3 отсто во однос на 2012 година. Со оглед на очекуваното повторно забрзување на растот на инвестициите и продолжување на активната политика на пазарот на трудот, вработувањето е проектирано да се зголеми уште повеќе во однос на прогнозата. Стапката на невработеност веројатно ќе се намалува маргинално за околу еден процент секоја година“ – оценува комисијата. Невработеноста останува проблем и за европските економии. Еве какви стапки на невработеност се очекуваат догодина:
  • Романија          7,1%
  • Полска             10,8%
  • Словенија        11,6%
  • Италија             12,4%
  • Словачка         13,7%
  • Хрватска           16,7%
  • Португалија     17,7%
  • Грција               26,0%
  • Шпанија            26,4%
Според очекувањата на Европската комисија, во земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ги и оние критичните како Шпанија, Италија, Грција се очекува намалување на стапката на невработеност а кај некои дури се предвидува и позначителен раст на вработеноста. Јавниот долг и буџетскиот дефицит: прблематични ? Откако буџетскиот дефицит се искачи на 3,9%, Европската Комисија очекува дека Владата во следните две години ќе го намали минусот во државната каса, по што би следело и намалување на јавниот долг. Буџетскиот дефицит, според есенскиот извештај,  годинава ќе изнесува 3,7% ( иако со ребалансот на буџетот тој е позициониран на 3,9%).Намлаување се очекува во следните години, така во 2014 та година прогнозите упатуваат на тоа дека минусот ќе изнесува 3,5% а во 2015 та година 3,2% од БДП. Еве какви буџетски дефитити се очекува да испорачаат земјите-кандидати за ЕУ:
  • Буџетски дефицит        2014           2015
  • Црна Гора                     -3,6%           -2,8%
  • Србија                            -5,3%           -4,6%
  • Турција                           -2,1%          - 1,9%
А еве какви минуси во државната каса ќе остварат дел од европските економии догодина :
  • Германија    -0,1%
  • Австрија    -1,9%
  • Бугарија    -2,0%
  • Грција        -2,0%
  • Италија      -2,7%
  • Унгарија     -3,0%
  • Франција    -3,8%
  • Шпанија      -5,9%
  • Хрватска     -6,5%
Неформалната влада на ЕУ посочува дека јавниот долг се очекува понатаму да расте. Фискалната позиција, според оценките, потфрлила во периодот меѓу јануари и август годинава, кога дефицитот на централната власт достигнал три проценти од целогодишниот проектиран БДП, што според Комисијата се должи на решавање на заостанатите долгови кон приватниот сектор, зголемување на пензиите и плаќање на социјалните трансфери и послабата од очекуваното наплата на приходите. “Ова ја поттикна Владата да го зголеми дефицитот од 3,6 проценти на 3,9 отсто. Оваа прогноза претпоставува дека општиот владин дефицит ќе се намали до 3,7 отсто оваа година и веројатно ќе опаѓа по 0,2 проценти секоја година до 2015 година, за сметка на кревањето на владините расходи, особено во јавната потрошувачка.“ – пишува во извештајот и се додава : “Како и да е, и покрај намалувањето на нето-кредитирањето, нивото на долг на централната власт се очекува да расте. Тоа се зголеми за 13 проценти од 2008 до 2012 година, достигнувајќи 34 отсто од БДП, и е проектирано да се згоелмува до 39,4 проценти до 2015 година. Оваа бројка го исклучува долгот на државните компании, како што е Фондот за патишта, во чиј биланс се кредитни задолжувања за инвестиции во инфрастурктурата. Оттука, постепениот пад на буџетскиот дефицит не е доволен да се намалат или барем стабилизираат долговите“- заклучува Комисијата во економската прогноза за Република Македонија. Според прогнозите во есенскиот извештај, Македонија  годинава ќе ја заврши со раст од 2,1 проценти, стапка што е поголема од просекот на Европската Унија и САД. За идната година се проектира раст од 2,5 проценти, а 2015 година со раст од 2,9 проценти. Словенија и Кипар ќе бидат единствените земји од Европската унија што и идната година ќе останат во рецесија. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад