07 Мај, 2024
0.0234

Анализа со Христо Панчугов: Само нови избори се излез од политичката криза во Бугарија

Објавено во: Балкан 07 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија веќе два месеца ја тресат постојани протести. Тие кулуминираа и со судири со полицијата, но бугарските аналитичари сметаат дека нема да дојде до поголемо насилство што беше резултат на провокации. Главниот мотив за избивање на протестите се критиките за новиот јавен обвинител Иван Гешев за кого има сомнежи од јавноста дека е близок со олигарски како Делјан Пеевски еден од екстремно непопуларните медиумски магнати. За детално објаснување на состојбите во соседна Бугарија направивме анализа со политикологот Христо Панчугов. Според него, владата го изгубила легитимитетот, политички дијалог и решенија не се возможни без одржување на нови избори. Панчугов смета дека граѓаните од различни возрасти, социјално потекло и политички уверувања излегоа на улиците во Софија и речиси сите поголеми бугарски градови за да си ја вратат моќта на одлучување и да се побунат против неказнивоста на олигарсите и политичарите за кои веруваат дека служат за исполнување на бизнис интересите.

Панчугов е асистент професор на „Нов Бугарски Универзитет“, каде работи и на неговиот докторат. Бил извршен директор на Фондацијата „Демократски институт“, а до 2018 година беше претседател и на партијата „Сино единство“. За покренатата дебата за измени на Уставот на Бугарија смета дека станува збор за „спин“ за отргнување на вниманието од актуелните проблеми со кои се соочува земјата.

Фактор: Што ги предизвика речиси двомесечните протести во Бугарија и која е главната карактеристика на демонстрантите, кои се нивните барања?

Панчугов: Последните години се карактеризираат со растечка политичка апатија поради намалена доверба во бугарските институции. На крајот на 2019 година парламентот има 8% рејтинг и околу 60% неодобрување за неговата работа. Владата е на рејтинг од 15% доверба. Ова се претвори во растечко неверување дека граѓаните можат да променат нешто. Оваа влада што дојде на власт во 2017 година беше обележана со голем број скандали во врска со судир на интереси, корупција, лошо законодавство и законодавство што им служеше на сопствениците на големи бизниси, што дополнително ги потврди верувањето на луѓето дека не е владата таа која што владее со земјата. Истражувањето на Globesec - „Гласови на Централна Европа“, покажа дека 77% од Бугарите веруваат дека олигарсите и финансиските групи имаат силна контрола врз владата. Значи, кога опозициските политичари открија дека јавна плажа во државна сопственост е „приватизирана“ од поранешниот лидер на ДПС (Движење за права и слободи) - Ахмед Доган, кој беше осомничен за влијание врз владата и беше врзан за голем број контроверзни бизниси со енергија, тутун и финансиски бизниси, луѓето гледаа на тоа како доказ дека државата не успева да наметне основни правила кога станува збор за оние што се близу до моќта. Селективното гонење на различни случаи или недостаток на гонење, на случаи поврзани со корупција и новинарската истрага за улогата на обвинителот во преземањето чекори во корист на приватен интерес - познат како случај „Осумте џуџиња“; јавното објавување на приватни пораки - покажувајќи блиски односи и судир на интереси помеѓу министерот за финансии и еден од бугарските олигарси - Васил Бојков, чиј бизнис беше презеден во истиот момент, дополнително ги зголеми доказите дека владеењето на правото пропаѓа во Бугарија, и дека владата е фасада на различни приватни интереси. Овие настани доведоа до врв на јавното незадоволство и луѓето излегоа на улица за да го заштитат своето право, да ги побараат одговорност од политичарите за своите постапки.

Протестот се однесува на обновување на легитимитетот на политичкиот систем, за да се осигура дека земјата е управувана од тие кои се избрани од народот, а не од некои интереси во сенка. Граѓаните бараат оставка од премиерот и главниот обвинител, кои се сметаат за главен канал на горенаведените практики во бугарската политика.

Она што го гледаме е криза на легитимитет - легитимитет на политичката класа, на политичките партии и на политичкиот систем до одреден степен. Единствениот начин да се излезе од таквата криза се слободни и фер избори, за што навистина повикуваат граѓаните. За разлика од протестот во 2013 година - кои беа релативно хомогени - тие се одржуваа главно во Софија, со многу јасен социјален и политички профил на луѓето што учествуваат, овие протести исто така обединуваат голем диспаритет на социјалните групи, луѓе од различна возраст и политички убедувања. Протестите излегоа од Софија, протести има и во скоро половина од регионалните центри во Бугарија. Така,  тие успеаја да го вратат убедувањето дека луѓето можат да ја менуваат политиката, дека можат да влијаат на системот и да бараат одговорност од политичарите.

Фактор: По долгото време на мирни протести дојде и до судири со полицијата и обиди за влез во Парламентот. Како одеднаш се промени атмосферата, може ли да се очекува радикализација или пак смирување на состојбите?

Панчугов: Наместо да одговори на прашањата што ги поставија демонстрантите, владата се обидува да управува со протестите. Провокациите, ароганцијата и навредите кон демонстрантите беа заеднички јазик што го користеа министрите и политичките лидери. Уште повеќе, секоја постапка што ја направи Бојко Борисов се чинеше како потврда за она за што го обвинуваа граѓаните - промена на министри за кои се сметаше дека се поврзани со Ахмед Доган, на пример. Ова ги радикализира демонстрантите во нивните барања. Она што доведе до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата на 2-ри септември, сепак беше во голема мера лошото управување со ситуацијата од страна на полицијата. Како што реков, протестот е многу нехомоген - во него треба да има радикални елементи, дури и ако не веруваме дека тие се инфилтрирани провокатори. Главно, акциите се одвиваа мирно и не очекувам дека тоа ќе се промени, но тоа не значи дека нема да се преземат порадикални активности, секако не вклучувајќи насилство.

Фактор: Се добива впечаток дека на Балканот се повеќе граѓаните губат доверба во институциите, особено по избивање на корупциски скандали, на случаи на неконтролирана моќ на олигарсите и политичките елити. Не очекува ли жешка есен?

Панчугов: Како што реков, ова беше причина за протестите и во Бугарија. Не мислам дека протестот ќе помине. Луѓето почнаа да ја разбираат нивната моќ. Постојат очекувања и за силни економски кризи што дополнително ќе го разгорат незадоволството кај јавноста. Ниту една влада не може да се справи со вакви настани без јавен легитимитет. Значи, да, мислам дека есента ќе биде многу жешка. Единствениот излез е преку избори, кои ќе го вратат легитимитетот и ќе започнат разговор за излез од кризата. Во моментов, секој разговор е невозможен и затоа не може да се спроведе никаков план.

Фактор: Како досега го оценувате одговорот на премиерот Борисов за демонстрациите, што може тој да преземе во политичкиот дијалог?

Панчугов: Она што го видовме од Бојко Борисов беше најпрво изненаденост, а потоа страв, по што следеше лутина. Сепак, тој во голема мерка е отсутен од јавниот простор. Тој не се појави на отворањето на сезоната на Парламентот и за време на дебатите за таканаречениот Нацрт за уставни амандмани, но што е најважно, тој не успеа да одговори на прашањата за влијанието на Доган, сликите со него и фиоката со готовина, и контактите со големите олигарси. Дури и ако постои комуникациска стратегија, јас не ја гледам. Тој постојано е саботиран од членови на неговата партија и кабинетот. Идејата за промена на бугарскиот устав замислен како „спин“ на дебатата беше неуспешна од исклучително лошиот квалитет на предлог нацртот за уставните измени со слабо осмислените идеи, идеи кои се целосно антидемократски, полни со технички и граматички грешки. Коментарите дадени од министрите дополнително потврдија дека тие немаат идеја што се случува. Дебатата околу Уставот уште повеќе потврди дека единствената цел што ја имаат политичарите е да ги одложат изборите стравувајќи дека нема да можат да влезат во следниот парламент. Во оваа средина, секоја комуникација на Бојко Борисов е осудена на неуспех. Тој стана заложник на неговата партија и коалиционите партнери, очајно борејќи се да се одржи на власт до крајот на мандатот.

Фактор: Дали демонстрантите ќе го одржат ова темпо на протести или ќе спласнат, оставајќи простор на политичките актери да најдат излез од кризата и каков би бил тој?

Панчугов: Јас мислам дека протестите ќе продолжат. Мислам дека се врши голем притисок врз стабилноста на ова владејачко мнозинство. Со оглед на целокупниот статус на институциите, економијата и политичките процеси, овој притисок неизбежно ќе доведе до распаѓање. Прашање е на време, а не на интензитетот на протестот. Единствениот излез што го гледам е преку избори.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река