04 Мај, 2024
0.0243

АНАЛИЗА: Велика Британија и рече НЕ на Европската унија

Објавено во: Анализа 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

FX Lider ја напиша првата анализа во врска со британскиот референдум.

Велика Британија одлучи да ја напушти Европската Унија. По објавувањето на овие вести, глобалните финансиски пазари доживееја  вистинска бура. Многу од ризичните инструменти, како што се фунтата, еврото, акциите и фјучерсите, како во Европа, така и во Азија и Сад искусија огромни падови, а инвеститорите се преориентираат кон посигурни инструменти, како јапонскиот јен, американскиот долар и златото.

Што се случува во момент кога Велика Британија одлучи да ја напушти Европската Унија?

Три години откако Дејвид Камерун најави нова стратегија за реформите во ЕУ,  истатабеше ставена на гласање преку референдум. Денес Британија одлучи да го одбие планот на Камерун, преку одлука за напуштање на ЕУ. Патот по кој Велика Британија се движи е многу неизвесен. Всушност, ниедна членка на ЕУ досега ја нема напуштена унијата. Самите услови за напуштање на Унијата се дефинирани со Членот 50 од Лисабонскиот Договор.

Што се очекува да се случи денес?

Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент, утрово во 9.30ч се состана со управниот одбор на Европскиот парламент за да усогласат заедничка позиција во однос на новонастанатата ситуација. Се очекува да се бара итна активација на Членот 50 од Лисабонскиот Договор.

Денес во 11:30ч ќе дојде до состанок меѓу четворицата најмоќни луѓе во Брисел: Доналд Туск, претседател на Европскиот Совет; Жан-Клод Јункер, претседател на Европската Комисија;Марк Рут, премиер на Холандија, земја која моментално претседава со Унијата; Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент. По состанокот се очекуваат и нивните изјави.

Во сабота на 25.06. се очекува состанок  на министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Холандија, Луксембург, Италија и Белгија, каде ќе се разговара околу потенцијалните импликации кои би можеле да настанат по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Самит 

Дејвид Камерун, кој во меѓувреме поднесе оставка, но останува на функцијата премиер во наредните три месеци, во вторник и среда наредната недела ќе се состане со партнерите од Европскиот Совет, каде ќе биде под огромен притисок поради итното барање за активација на Членот 50 од Лисабонскиот Договор и преговорите за прекинување на трговските договори, бидејќи останатите членки на Унијата не сакаат оваа ситуација да се раздолжува со месеци. Една од темите на кои ќе се дискутира е и мигрантската криза, вклучувајќи го и предлогот за депортирање на африканските мигранти.

Член 50 од Лисабонскиот Договор. 

Активацијата на Член 50 од овој договор подразбира процес на одвојување од ЕУ кој би траел две години. После тоа, Законите на Унијата нема да се применуват повеќе во Велика Британија. Условите за излегување ќе бидат договорени од страна на останатите 27 членки на Унијата, каде секоја членка ќе има право на вето. Самиот процес на политичко излегување од Унијата е и најлесниот дел кој следи. Многу потешко се очекува да биде околу делот поврзан со економијата, постигнувањето на нови трговски договори и воспоставувањето на нови тарифи и бариери, како и околу договорите за слободата на движењето. Според некои официјални претставници на ЕУ, овој процес би можел да трае и до пет години. Приватниот бизнис-сектор посакува  што повеќе се ублажат условите за да би се спречил поголем економски шок, меѓутоа политичарите сметаат дека условите мора да бидат брутални, за да се обесхрабрат другите членки на ЕУ во случај да одлучат и тие да тргнат по истиот пат.

Законска Регулатива

Постои опција каде Британскиот Устав би ги инкорпорирал законите на ЕУ. Сепак, постојат и шпекулации дека новата влада ќе ја искористи оваа прилика за имплементирање на нова регулација. Тоа значи дека владата во исто време мора направи три работи: Да воспостави нов договор со Брисел, да воспостови серија на важни трговски договори ширум светот и одново да го регулира Уставот.

Брисел

Главниот фокус на Брисел во моментот е да ги сочува проектите на ЕУ. Предлогот околу воено- одбрамбената интеграција, кој посебно беше подржан од страна на Германија и Франција, а кој требаше денес да биде пратен до владите на сите членки на ЕУ, засега нема да биде разгледуван, додека други работи, како јавните финансии, ќе преминат во прв план. Во меѓувреме, европските претставници и натаму се плашат да не дојде до домино ефект, каде Унијата без Велика Британија станува помалку атрактивна за либералните, богати северни земји, како што се Данска и Холандија, во кои земји меѓу десничарите почна да се зборува за слични сценарија. Инаку, избори во Холандија ќе има во март следната  година, во Франција ќе има избори истата година во април и мај, а во Германија избори се очекуваат на есен, исто така наредната година.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад