19 Мај, 2024
0.0280

Ангелов: Се уште чекаме информации за предизвиканото загадување

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на прес конференција посочи дека се работи на детекција за тоа дали постои опасност во воздухот, по избувнувањето на пожарот во Тетово. 

- Состојбата во овој момент од аспект на отровност на гасови не е алармантна од оние информации кои што ги имаме. Има зголемено ниво на ПМ честички коишто во овој момент се кренати горе, но подоцна истите ќе се спуштат долу - вели Ангелов.

Тој посочи дека гори фабрика за гипс, картони и други материјали. 

Пожарот е активен и не е локализиран. Сè уште чекаме информации за предизвиканото загадување бидејќи здравјето на граѓаните во околината е најважно. Првичните информации велат дека нема ослободување на отровни гасови. Побаравме и извештај од стручни лица за квалитетот на воздухот - изјави од местото на настанот Ангелов.

Според изјавата на Ангелов пожарот многу брзо се проширил, па на барање на пожарникарите, од МВР испратиле хеликоптер.

– Имаше поплаки дека хеликоптерот доцна пристигнал и дека не бил користен за гасењето. Хеликоптерот не испушташе вода врз објектот бидејќи пожарот е внатре и водата не би можела да продре преку покривот и плочата под него. Поради тоа хеликоптерот се користи за да се пресече линијата на ширење на пожарот надвор од објектот. Во близина на пожарот, на неколку стотина метри има боци со плин и затоа ни беше важно да биде прекината линијата на ширење на огнот кон нив. Тоа што се наоѓа во објектот ќе изгори и не можеме да го спасиме, па затоа целта ни е да спречиме понатамошно ширење - посочи Ангелов од местото на настанот. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична