29 Април, 2024
0.0251

Ангеловска: Влезот во НАТО ќе отвори пазар од неколку милијарди евра

Објавено во: Финансии 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Економскиот раст забрзува за 2 процентни поени во просек кај земјите кои пристапиле во НАТО. Со влегувањето во Северноатланската Алијанса за македонските компании се отвора нов пазар од неколку милијарди евра, додека политичката сигурност ќе ги стимулира инвестициите, што ќе доведе до креирање на нови работни места, зголемување на обемот на трговијата и забрзување на економскиот раст и развој. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на НАТО караванот во организација на Инфо центарот за евроатлански интеграции и граѓанската асоцијација Мост, кој се одржа во Прилеп.

Министерката за финансии истакна дека со пристапувањето во НАТО за домашните компании се отвора можноста да учествуваат на јавните набавки во системот на НАТО. Станува збор за пазар за сервисни продукти како набавка, оперативна подршка, транспорт, одржување, кодификација, услуги во сајбер безбедност итн.. 

„Јaвните набавки во системот на НАТО се базирани на едноставни и смарт правила што овозможуваат брз и флексибилен процес на набавка преку 3 клучни начела: транспарентност, еднакви можности и еднаков третман. Затоа би рекла дека ова е голема шанса за нашите компании, но и тест за конкурентноста на домашната понуда.Особено голем потенцијал за работа се јавува за ИТ компаниите кои можат да добијат работа и како субконтрактори, но и за останатите компании“, рече Ангеловска.

Таа посочи дека политичката сигурност ги стимулира инвестициите - и странските и домашните, што пак влијае на зголемување на бројот на работните места, намалување на невработеноста и зголемување на обемот на трговија. Тоа резултира со економски раст и развој и подигнување на животниот стандард.

„Пристапувањето во НАТО носи значајни придобивки во поглед на приливите на странски директни инвестиции. Во просек, во земјите од Централна и Југоисточна Европа кои се приклучија во НАТО во периодот помеѓу 1999 и 2009 - ако се споредува периодот 5 години пред и после приклучувањето - СДИ се покачуваат од 4,5 отсто од БДП на 7,4 проценти од БДП“, рече Ангеловска.

Според неа, покрај странските се зголемуваат и бруто-инвестициите во просек во периодот пет години пред и по пристапувањето во нато за 6 процентни поени.

Таа посочи дека како се земе просекот од пет години пред и по простапувањето во НАТО за земјите кои станаа членки во 2004 година просечната стапка на невработеност се намалува за 5 процентни поени. За исто толку се зголемува и обемот на трговија.

Како пример ги даде и земјите во регионот како Црна Гора, Албанија и Бугарија каде има висок раст на странски директни инвестиции и подобрување на економските перформаси по влезот во Алијансата.


Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?