Анѓушев: Македонија не смееме да ја рекламираме како земја со евтина работна сила
Објавено во: Економија 22 Февруари, 2018
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев во интервју за Телма вели дека нема да ја промовираат Македонија како земја на евтина работна сила.
Анѓушев рече дека ќе мора инвеститорите да даваат плата од 18.000 денари.
„Ние Македонија не смееме да ја рекламираме како земја со евтина работна сила. Велиме минимум 18.000 денари. Ако тој даде 18.000 денари на најниско образованите, другите ќе мора да се многу повисоки за да одржите хиерархија во таа компанија“- рече Анѓушев.
Вели дека сега ќе бидат стимулирани домашни и странски компании, но нема да биде како во минатото кога за креирање на работни места некои добивале по 1000 евра, а други многу повисока сума.