26 Април, 2024
0.0270

АЊА ВЕТЕРОВА ЌЕ СТУДИРА НА ПРЕСТИЖНИОТ МУЗИЧКИ КОЛЕЏ ВО БОСТОН: На „Беркли“ одам по нови предизвици

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

За младата поп-пејачка Ања Ветерова (18) вчера беше најсреќен ден. Таа ја доби веста дека е примена на престижниот музички колеџ „Беркли“. Од есенва, за Ања започнува нов возбудлив период. Таа ќе се пресели во Бостон и ќе започне со изучување на пеење, компонирање и музичка продукција.

„Очекував да ме примат затоа што аудицијата ја имав на втори декември лани во Валенсија, Шпанија. А поканата за дојде по завршениот успешен летен камп на „Беркли“ во Валенсија каде што бев минатото лето. Од тогаш, од кога го почнав моето патување со „Беркли“ знаев дека таму сакам да студирам, и да се усовршувам, затоа што таму бев опкружена со музика, со музичари, студенти, професори и познати уметници кои што ни држеа семинари. Тоа ми се потврди и летоска во Бостон, каде што по мојата аудиција на почетокот, за да видат на кое ниво да учам и во кои ансамбли да ме стават, професорката ме пречека со прашањето: што бараш на летен камп кога си примена на „Беркли“ и тоа со стипендија“, раскажа Ања за „Женски магазин“.

Целиот текст читајте го на Женски магазин, овде!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти