Анкета во Грција пред изборите: Нова демократија ќе освои апсолутно мнозинство
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2019
Во недела во
Грција ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Опозициската партија Нова демократија
во Грција ќе освои осум отсто повеќе гласови од владејачката Сириза на
предвремените парламентарни избори во земјата во недела, според неодамнешното
истражување на „
Пулс“, пренесуваат медиумите од регионот.
Анкетата покажала дека Нова демократија ќе освои 36 отсто од гласовите, а владејачката Сириза 28 отсто, според грчкиот весник Катимерини.
Последните митинзи пред молкот, актуелниот грчки премиер Алексис Ципрас ќе го одржи во Атина, додека лидерот на најголемата опозициска партија Кирјакос Мицотакис ќе го одржи во Солун. Мицотакис истакна и дека Солун како град му носел среќа.