14 Мај, 2024
0.0245

АНОНИМНОСТ: Како да ја зачувате приватноста на интернет според Едвард Сноуден

Објавено во: Стил 15 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Приватноста на интернет е се помала, а можеби и воопшто не постои. Едвард Сноуден во интервју за „The intercept“ говори за овој проблем и дава неколку совети.

„Првиот чекор кој секој може да го направи е да ги шифрира телефонските повици и смс-пораките. Тоа може да се стори со апликацијата Signal. Бесплатна е, може да ја преземете веднаш“, вели тој.

Тој препорачува и шифрирање на тврдиот диск, како и користење програм за чување и создавање уникатни лозинки.

Во поглед на приватноста и она што владите имаат право да знаат за нас, Сноуден вели дека „секој не треба да знае сè за нас. Фејсбук не треба да ги знае вашите сигурносни прашања. Идејата за споделување е во ред, но тоа треба да биде волонтерско и свесно. Треба да бидат работи кои се добри за луѓето со кои ги споделување, а ова не се нештата кои едноставно ви ги бараат“.

Интренетот е место кадешто постојано се краде од корисниците, според него- “типичните методи на комуникација денес ве предаваат тивко, нечујно, невидливо, со секој клик. На секоја страница која ќе ја отворите се крадат информации. Се собираат, анализираат и чуваат од владите, странските и локалните, и од компаниите“.

Осврнувајќи се на модерните телефони, Сноуден вели дека „луѓето забораваат дека оставаат траен доказ за сите физички локации со секое движење. Проблемот со телефоните е дека тие секогаш зборуваат за вас, дури и кога не ги користите“.