Апасиев и Крмов на Денот на Република го посетија гробот на Тито
Објавено во: Македонија
29 Ноември, 2022
Добивај вести на Viber
Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борис Крмов, на Денот на Републиката, некогашниот празник на СФРЈ, го посетија гробот на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито во Белград.
„По повод Денот на Републиката, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го посетија вечното почивалиште на најголемиот државник на овие простори - Јосип Броз Тито, под чие водство против фашистичките сили и домашните предавници, македонските партизани победија во војната и Револуцијата. Македонците и антифашистичката идеја победија“, соопшти Левица.
Од „Левица“ велат дека денеска е исплукан гробот на Јосип Броз Тито и згазени идеалите на македонските партизани, на НОБ и АСНОМ.
„Домашните предавници од врховистичката СДС и балистичката ДУИ, кои имаат една цел - да робуваме и никогаш слободни да не бидеме, оние кои распродадоа сè што имавме, немилосрдно ја напаѓаат Левица бидејќи, поучени од историјата, знаат дека народната идеја за слобода е онаа која неизбежно секогаш победува“, се вели во коментарот на партијата.