04 Мај, 2024
0.1714

Апасиев обвини дека иницијативата за референдум е вратена со цел купување на време

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Враќањето на иницијативата на Левица за референдум за францускиот предлог е само купување на време според претседателот на партијата, Димитар Апасиев. 

Сепак, рече дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.

Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен судија, но сега со друга финта ни ја врати да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние впрочем тоа и ќе го направиме“, рече Апасиев во изјава за Сител ТВ.

Тој вели дека правното толкување на Џафери е неиздржано затоа што заклучокот бил став, а не бил акт и според тоа прашањето не било соодветно поставено.

Ако Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.

Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва објави дека барањето за одржување референдум поднесено од Левица не е подготвено во согласност со собранискиот Деловник, а прашањето е несоодветно поставено, и бара во предвидениот рок од 15 дена предлагачот да го усогласи барањето. 

Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за референдум. 

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано