Апасиев: Осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за амнестија за „27 април“'
Објавено во: Македонија 17 Март, 2023
Откако вчера Собранието не ја изгласа потребата, во забрзана собраниска процедура да влезе Законот за амнестија на осудениците од 27 април, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ биле против.
Законот го подготвија адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски кои беа дел од одбраната на сега веќе осудените за Терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие беа спречени да присуствуваат во собраниската сала и во живо да го следат гласањето, иако како што информираа, уредно испратиле барање до собраниските служби.