19 Мај, 2024
0.0282

Апасиев: Паниката кај СДС-ДУИ-ДПМНЕ е поради последните анкети, Левица станува трета партија

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Од Левица обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги напаѓаат. 

Сметаат дека тоа е поради тоа што Левица е на страната на народот и рејтингот на партијата расте. 

„Изминатиов период се води жестока црна кампања против Левица, каде СДС манипулира дека сме во коалиција со ДПМНЕ и ДУИ, и обратно - ДПМНЕ манипулира дека сме во коалиција со СДС и ДУИ. Манипулациите се засилија кога советниците на Левица, како единствена опозиција во општините која не е поткуплива, гласаше против општинските буџети на ДПМНЕ - во кои единствена развојна компонента е зголемување на парите за партиски вработувања“, велат од Левица. 

Додаваат дека дури и во одредени општини, како Неготино, Кочани и Гевгелија, советниците од ДПМНЕ и СДС сложно ги изгласаа буџетите, кои се на штета на граѓаните.

„Широката коалиција јасно е дека се обидува да ја оцрни Левица, која многу пати во минатото била единствена опозиција која алармира за погубните процеси на власта, во која учество земаше и опозицијата - како примерот со внесувањето етничка припадност во лични карти. Левица е во ЕДИНСТВЕНА коалиција со НАРОДОТ, но јасно ни е дека искрено и чесно делување е непоимливо за ваквите клиентилистички партии, кои егзистираат врз корупција, закани, уцени и партиски вработувања. Јасно е дека оваа паника кај СДС-ДУИ-ДПМНЕ е последица на последните анкети, според кои Левица со наглиот раст и поддршка од граѓаните станува ТРЕТА партија и официјално пред ДУИ“, објаснуваат од Левица. 
Од партијата велат дека ќе им ги расипат сметките во наредната влада. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“