04 Мај, 2024
0.0262

Апелациониот суд ја одби жалбата како неоснована - продолжува стечајот на Еуростандард банка

Објавено во: Финансии 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Апелациониот суд Скопје ја одбил жалбата од Еуростандард банка, против отворањето на стечајната постапка врз оваа банка.

Според Апелациониот суд Скопје, оваа жалба се одбива како неоснована. Отфрлањето на жалбата вчера беше објавено во Централниот регистар, а Одлуката била донесена на трети септември.

Ова значи дека се потврдува Решението на Основниот граѓански суд, кој на 14 август ја отвори стечајната постапка, откако два дена претходно, на 12 август, НБМ и ја одзеде дозволата за работа на банката на бознисменот Трифун Костовски. 

Со Решение ТСЖ-817/20 од 03.09.2020 година на Апелационен Суд Скопје, жалбата на должникот Еуростандард Банка АД Скопје, изјавена преку полномошник Славко Секулов адвокат од Скопје, се одбива како неоснована. Решението на Основен граѓански суд Скопје СТ-123/20 од 14.08.2020 година, се потврдува“, стои во објавата од Централниот регистар. 

Првото рочиште за стечајот на Еуростандард банка е закажано за осми октомври.

За стечаен управник на банката беше именуван Душко Тодевски.

Во меѓувреме, штедачите кои имаат влог поголем од 30 илјади евра, кој не можеше да биде наплатен преку Фондот за осигурување на депозити, своите заштеди ќе ги бараат од стечајната маса на банката.

Но, дел од нив се разочарани, бидејќи, како што велат, им било кажано дека од спечалените пари кои ги штеделе во банката, ќе можат да си подигнат само една четвртина, или 24,5 отсто. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот