05 Мај, 2024
0.0999

Аплауз за владата: Што им порача Премиерот на бизнисмените и граѓаните во говор од 2 часа!?

Објавено во: Анализа 19 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Оптимистичките проекции за економски раст. Умерена инфлација. Повисоки пензии и плати за админситрацијата од 5 отсто. Листа на ифраструктурни прокети – на ред се патиштата. Зголемена финасиска дисциплина. Премерот Никола Груевски пред стопанствениците ги обелодени владините планови и проекти за годината што доаѓа. Говорот на премиерот траеше 1 час и 55 минути. За буџетарите, социјалците и администрацијата – повеќе пари!  За пензинерите и административците – добра вест, ќе добијат повиски пензии и плати. За стопанствениците – нов предизвик.  Во 2014 та бизнисот треба да испорача економски раст од 3,2 отсто. Премиерот Никола Груевски обелодени дел од плановите за владините трошења во  буџетската 2014 та година.  Буџетскиот дефицит нема да се намали. Еве дел од новите проекции: Раст на БДП                 3,2% Инфлација                   3,3% Буџетски дефицит      3,5% од БДП Јавен долг                   33, 6%
„Позитивните податоци за ЕУ и солидните перформанси на реалниот сектор во првата половина од годинава, смета премиерот, се добра основа за реализција на очекувањата домашната економија да го оствари проектираниот раст од 2 отсто, а можеби и повеќе. Во наредните  две години, наведе, се очекува зголемување на растот, од 3,2 отсто во 2014 и 3,8 отсто во 2015 година.“ – изјави премиерот Груевски.
Најголем удел во растот треба да има домашната побарувачка предводена од бруто-инвестициите во кои и натаму значајна улога, според владата,  би имале капиталните инвестиции од Буџетот. Ниското ниво на јавен долг, како што рече премиерот, ќе биде резултат на дисциплинирана фискална политика. Владата најави дека ќе ги зголеми платите и пензиите за 5 проценти. Еве како ќе се спроведува динамиката на зголемување : - Пензиите и надоместокот за социјална помош ќе се зголеми од март 2014 та година. - Додатокот за самохрани родители кои имаат деца со пречки во развојот за 50 проценти од јануари. - Се воведуваат и додатоци за мобилност за целосно неподвижни лица во износ од 7.000 месечно и за целосно глувонеми лица од 4.000 денари месечно, со почеток од први јануари 2014 та година. -Платите на буџетарите ќе се корегираат во нагорна линија за 5 отсто  од октомври 2014 година. Половина милијарда евра – кинески кредит за македонски патишта! Со кредити поголем од половина милијарда евра, Владата ја започнува изградбата на две патни магистрали. На исток, патот Скопје-Свети Николе- Штип и на запад, патот Кичево – Охрид.
„Ќе продoлжиме со политиката на зголемување на капиталните инвестиции за реализација на крупни капитални инфраструктурни објекти“ – изјави премерот Груевски.
Овој мега-инфраструктурен проект ќе се реализира со пари од „Ексим банката“ на Народна Република Кина и Министерството за трговија, кои потврдиле дека заемот во вредност од 574 милиони евра веќе е одобрен. Станува збор за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип  од 50 километри и автопатот од Кичево до Охрид и Струга во должина од  57 километри. Кредитното задолжување ќе биде со преференцијална камата од 2 отсто. Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта, а ќе треба да се врати во рок од 20 години, од кои 5 години грејс период.  Градежната офанзива треба да почне 3 до 4 месеци по одобрување на заемот  од страна на македонското Собрание. Македонија треба да добие два нови автопати три години по започнување на изградбата. Некои региони ќе добијат нови патишта, други – реконструирани. Според владиниот план, догодина  патот од Куманово до Крива Паланка кој е со вредност од 400 милиони евра  и е проценет со најмала фреквентност со возила од сите патишта, ќе биде реконструиран и проширен, за што допрва ќе се изработи проект. Како неуспешен проект беше посочен обидот да се најде концесионер за патниот Коридор 8. Од досега сработеното, заклучно со 2012 та година изградени и рехабилитирани се вкупно 190 локални патишта во должина од 412 километри во вредност од околу 30 милиони евра. Во моментов е почната иградба и реконструкција на 105 локални патишта во вредност од 20 милиони евра. Изградени и рехабилитирани се 15 регионални патишта во должина од 318 километри и вредност од околу 50 милиони евра а други 70 регионални патни правци во моментов се реконструираат. Како дел од инвестицискиот план за 2014 та година, повторно се посочуваат Слободните економски Зони.
„Наскоро се очекува нов инвеститор да почне да гради фабрика за градежни матреријали за што веќе е закупена парцела од 6 000 квадратни метри. Исто така во тек е и изведување на градежните работи во технолошко-индустриската зона Кичево, Гевгелија и Прилеп. Следниот викенд започнува изградбата на ТИРЗ Струмица, а за останатите зони се изработува потребната техничка документација. Предвидени се вкупно 14 слободни зони и изградбата на сите треба да почне во март, април догодина. “ – изјави премерот.
Останатите слободни зони се во Струга – Охрид, Кочани – Виница,  Берово – Пехчево,  Делчево, Радовиш,  Ранковце, додека Тетовската зона доби коцесионер кој треба да ја доизгради. На тапет – неплаќачите на давачки! За фирмите и за граѓаните се крои ново законско решение, имињата на оние што не ги плаќаат даноците и давачките навреме – ќе бидат објавувани јавно. На тапет ќе се стават сите должници што должат повеќе од 90 дена.
„Сите кои имаат долг на 2000 евра за физички лица и над 5 000 евра за правни лица по основ на даноци, царини, акцизи и придонеси. Имињата на неплаќачите ќе се објавуваат јавно, на веб страницата на надлежните институции, најдоцна до 10 ти во месецот, по групи на долгови. “ – изјави премерот Груевски.
Тој додаде дека даночниот должник неколку дена пред објавувањето ќе биде информиран дека доколку не го подмири долгот ќе се најде на објавената листа на должници. Со овој проект на увид пред компаниите и граѓаните ќе се стават неплаќачите на данок кои незаконски го пролонгираат неплаќањето на данок, го оштетуваат државниот буџет и нелојално конкурираат на оние кои редовно ги плаќаат давачките. Уште едно законско решение за заострување на фискалната дисциплина. Во финална фаза е Законот за финансиска дисциплина.
„Можам да соопштам дека во подготовка е закон со наслов Закон за финансиска дисциплина. Со ова владата повторно ќе излезе во пресрет на барањата на стопанствениците и ќе воспостави законска рамка со фер правила на игра, кои најмногу ќе бидат во прилог на малите и средни претпријатија кои до сега се соочува со проблеми во наплата на побарувањата. “ – изјави премерот Груевски.
Еве што предвидува законското решение : - Меѓу приватните фирми рокот за исполнување на паричните обврски  не може да биде подолг од 60 дена, во исклучителни ситуации, доколку постои согласност од двете страни, тој рок може да биде подолг, но не повеќе од 120 денови. - Во договорите помеѓу институциите од јавниот сектор и фирмите, рокот на исполнувањето на паричните обврски од страна на државата исто така да не може да биде подолг од 60 дена, освен ако со договорот не е предвидена повеќегодишна реализација. - Исклучок преставува Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на фондот за кои роковите ќе бидат не повеќе од 120 дена.( со динамика во следните години овој рок да се сведе на 60 дена) - Должникот кој нема да ги исполни роковите ќе му се пресметува и наплатува казнена камата, согласно Законот за облигациони односи. - За прв пат се предвидува и надомест за доцнење без претходно потсетување и опомена на должникот. Предвидени се и прекршочни глоби и за субјектите од јавниот и за субјектите од приватниот сектор. Овие мерки, според Владата се надополнување на законското решение за Задолжницата што требаше да ја подобри ликвидноста во приватниот сектор. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад