04 Мај, 2024
0.0243

АПЛИЦИРАТЕ ЗА РАБОТА? Внимавајте да не ги правите овие грешки

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Одговорниот работник во „Google” кој бил задолжен за вработување луѓе, Скот Бејкон зборува за најчестите грешки при аплицирањето за работа. Празен простор во апликациите

Работодавците имаат неколку секунди да погледнат во секое резиме и важно е работното искуство да го привлекува вниманието. Страница со празни редови е недозволива. Бејкон препорачува да ги ставите најважните информации во близина на горниот лев агол.

Бидете објективни

Кога зборувате за вашите вештини и способности, немојте да редите убави зборови ради реда. Напишете 6-10 вештини и искуства за кои ќе може да зборувате на интервјуто.

Премногу информации

Споменувањето на секоја работа која сте ја имале не е добра идеја. Бејкон препорачува фокусирање на работните места кои се поврзани со она за кое се пријавувате. Ова се однесува и на најдолгите работни искуства.

Едно резиме не функционира за повеќе работодавци

Секое резиме треба да биде средено соодветно на работното место и компанијата, посочувајќи кон вештините и користејќи зборови и фрази кои се специфични за таа индустрија.

Не бидете здодевни

Двата зборови кои речиси секогаш ме поттикнуваат да се откажам од резиме се синергија и динамичност - вели Бејкон. Не бидете здодевни кога пишувате дека сте „динамични, колегијални, посветени и сл. “ Излезете од стадото и најдете поинтересен начин да го привлечете вниманието на работодавачот.