Арапска лига со предупредување: Израел да не си игра со оган
Објавено во: Свет 23 Јули, 2017
Земјите кои ја сочинуваат Арапската лига го предупредија Израел да не си игра со оган откако дојде до силни судири со муслиманското население во Ерусалим, а воведени се и посебни мерки на безбедност пред пред големите светилишта на Ридот на храмот, што го посетуваат и Евреите и муслиманите во Ерусалим. Токму на ова место пред една недела палестински напаѓачи со ножеви повредија верници, а потоа беа застрелани на лице место од израелските безбедносни сили.
„Ерусалим е црвената линија. Ниту еден Арап или муслиман нема да прифати насилство врз светилиштето“, рече шефот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, во соопштение пренесено од француските медиуми.
Израелската полиција поставила напредни надзорни камери на Лавовската врата, на влезот во Ридот на храмот, во Стариот град на Ерусалим, кои, наводно, можат да идентификуваат вооружени лица при обид да влезат на подрачјето на светилиштето.
Ваквиот потег може да предизвика нови судири и немири како и поширока криза на Блискиот исток. Арапската лига воопшто не го спомена претходниот терористички напад.