26 Април, 2024
0.0312

Аргументите на оние кои гледаат црно на Европа

Објавено во: Анализа 14 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во изминативе неколку години Европа ја потресоа голем број на финансиски проблеми кои и до ден денеска се закануваат дека може да и ја нарушат стабилноста. Голем број на шпекуланти се обложуваат на пропаст на еврото и распад на унијата. Секако нивните аргументи треба да се земаат со резерва бидејќи тие имаат интерес унијата да се распадне или на пример Грција да излезе од еврозоната и така натаму. Значи во економијата денеска постојат луѓе на кои може да им биде добро, без разлика колку им е лошо на другите. Секако ова е легитимно, да се донесе правилна проценка во право време не е воопшто лоша работа. На западот може да се користат инструменти како таканареченото шортирање на акции кое што им овозможува на инвеститорите да заработат и покрај тоа што акциите паѓаат. Но на овие аналитичари кои цело време предвидуваа црни сценарија за Европа се чини дека не им оди баш најдоброто. Европа никако да се распадне, а акциите компаниите од појаките економии се на и над нивото пред да започне големата криза. Сепак оние кои гледаат црно на работите не се даваат така лесно. Ова се нивните аргументи со кои велат дека најлошото допрва следува: - Никогаш немало вакво ниво на долг во мирновременски услови. Според оние со црно (или реално, како сакате така) гледање на работите оваа криза може да кулмира со војна. Токму аргментот дека ваков долг има само во војна е главен адут на ова стојалиште. Сметаат дека во години кои следуваат нема да може да рефининасираат трилионите долари кои однекаде ќе мора да се најдат. Ниедно општество не може да го издржи тој товар на долгови - За некои аналитичари е несфатливо зошто нема поголем немир на улиците. Сепак смеаат дека и на ова поле најлошото допрва доаѓа. Како главни примери ги земаат Грците и Португалците кои веќе неколку години одат со зголемување на даноците но тоа никаде не ги води нивните економии кои продолжуваат да тонат во зголемена невработеност и намалена потрошувачка. Сепак тоа се мали економии и веројатно не може да предизвикаат голем потрес, но тука секогаш е Шпанија која сеуште мака мачи со своите проблеми - Мерките за штедење во голема мерка се одразуваат кај младите луѓе. Карактеристечен е примерот на Шпанија каде стапката на вработеност кај младите падна од 40 на само 20 проценти. Ова, велат ќе има несогледливи последици кои ќе оредизвикаат големи немири - Продуктивноста постојано паѓа, посебно за земјите од југот и никако да се најде излез од рецесијата. Токму немањето решение е главен адут дека во оваа форма унијата нема шанса да преживее, а доколку дојде до промени тогаш ќе дојде време за оние кои одат контра моменталниот оптимизам. Да се надеваме дека нема да бидат во право! Редакција Фактор