05 Мај, 2024
0.1007

Архитект од Белград објасни зошто се случи катастрофа во Драч

Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Српски архитект објаснува што се случи деновиве во aлбанскиот град Драч, каде силен земјотрес уби луѓе и направи големи штети. 

Белградскиот архитект Небојша Глишиќ е огорчен од глетката на урнати згради по земјотресот што ја погоди Албанија.

Глишиќ во својата објава на Фејсбук потенцира дека во последните десетина година ширум светот „не убиваат земјотресите, туку корупцијата во градежништвото“.

Освен на земјите во развој, тоа се однесува посебно и на земјите од поранешниот социјалистички блок, т.е. на поранешните југословенски републики од 1990 година па наваму.

„Првата слика говори дека целосно нов објект потклекнал под тежината на катовите, очигигледно е без адекватни сеизмички платна, хоризонтални и вертикални армиранобетонски сирклажи кои би ги прифатиле моќните сили на земјотресот. Само се склопило, онака како што можат да се склопат катовите на постари објекти на кои се наѕидани силни катови“, напиша тој.

Познатиот белградски архитект кој последните децении учествувал или потполно конструирал многу објекти низ Србија за западноевропските големи компании, наведува  дека, дури и кога во зградите се вградуваат и големи количества бетон и арматура, катастрофата во случај на земјотрес е гарантирана ако на зградата и се „тенки колената“.

„На првите фотографии е вткаена сета моја децениска борба со аматерите во работата, со ситното користољубие, бедни заштеди во арматура, серклажи, сеизмички платна. Милион пати сум се сретнал со прашањето: зошто толку арматура и бетон? Еве зошто. Не се случува секој ден, но кога ќе се случи, однесува човечки животи и прави неизмерни штети. Да се работело според прописите, сите овие згради, повредени и мртви во нив, сега би биле живи и здрави. Освен ситни пукнатини и попаднати работи во становите и куќите, ништо посериозно немаше да се случи. Денеска би имале дом и живот“, напиша Глишиќ.

Едно истражување на Универзитетот Колорадо од 2011 година за последиците од лошата градба на згради врз човечките жртви во земјотресите се утврдило дека во сите земјотреси во претходните три децении би можеле да се избегнат дури 83 отсто од сите жртви, само зградите во погодените градови и населби да се граделе во склад со стандардите за заштита од земјотреси.

Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница