26 Април, 2024
0.0289

Арифи вели нема класични преговори со ВМРО-ДПМНЕ, од јазикот и СЈО не отстапуваат

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервју за Телма, синоќа изјави дека не воделе класични преговори со ВМРО-ДПМНЕ, иако рокот за формирање на влада истекува многу скоро. 

Таа вели дека на ДУИ и требало уште време, бидејќи сега се занимавала со внатрешни политики во партијата, кои им биле приоритет.

„После седница на претседателството на ДУИ, нашиот претседател се сретна со лидерите на двете партии, и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, каде ги кажаа нашите позиции за кои нема да преговараме, а тоа е прашањето за албанскиот јазик и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Има комуникации во однос на дообјаснување на овие прашања, но класични преговори нема“ – вели Арифи.

Арифи го осуди феноменот на таканаречената „десоросоизација” кој го најави и почна Никола Груевски, и порача дека ДУИ нема ништо против Фондацијата Отворено општество Македонија.

За тоа што ќе се случи ако до понеделник мандатарот Никола Груевски не успее да формира влада, Арифи вели дека не може да предвиди како ќе се одвиваат работите. 

„Сите ние сме свесни дека има меѓународна сериозна порака да имаме кредибилна влада, во однос на одговорностите од Пржинскиот договор, заедно со СЈО, обврските кои се преземени во извештајот на Прибе, според мене ова е кредибилно“ -  рече таа. 

Кажа дека за ДУИ меѓународните пораки се клучни, и  токму поради тоа има внатрешна дебата во партијата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот