19 Мај, 2024
0.0370

Арсовска: До каде ќе стигнеме ако секој што има возило или автобус излезе и блокира

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вели дека не се преговара со луѓе што уценуваат и навредуваат и кои тоа го прават зашто вистината не е на нивна страна.

Таа порача дека Министерството за внатрешни работи е одговорно  да го регулира сообраќајот и дека има позадина тоа што некој сака да направи привид на хаос.

„До каде ќе стигнеме ако секој што има возило или автобус излезе и блокира. Секој ќе си го дозволи истото. Овој проблем бара системско решение кое изгледа некому не му одговара“, рече Арсовска во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Таа ги негира обвинувањата на приватните превозници дека ЈСП им должи 1 милион евра и праша зошто ако е така не е поднесена опомена пред тужба. 

Рече дека ЈСП им има исплатено околу 156 милиони денари на приватните превозници – 111 милиони на „Слобода превоз“ и 45 милиони на „Макеспрес“ и дека од 2018 во приватните автобуси не се продавале билети.

Детектирани се состојби, рече таа, кои не соодветствуваат со тоа што е на терен и затоа ќе има сериозна истрага и ревизија.

Приватните превозници ќе ги бараат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Градот Скопје. И од „Слобода превоз“ и од „Мак експрес транс“ веќе ги ангажирале своите адвокати да поднесат тужба против Град Скопје. Тие блокадите ги ставија во мирување. Тие ќе продолжат во петок.  Арсовска претходно рече дека ако приватните превозници сметаат оти Скопје им должи, парите да си ги бараат во суд.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража