05 Мај, 2024
0.0246

ДИРЕКТОРОТ НА ТТК-БАНКА, ДРАГОЉУБ АРСОВСКИ ЗА ФАКТОР: И во 2022 година остануваме флексибилни и секогаш достапни за клиентите

Објавено во: Финансии 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година. Драгољуб Арсовски, претседател на УО и Генерален директор на ТТК банка вели дека банката ќе продолжи да ја спроведува својата деловна стратегија, издржливо и цврсто и втемелена на фокусот кон потребите на клиентите

2021 година ја оценувам како година со внимателен оптимизам, поттикнат од делумното нормализирање на состојбите

Ова не толку како резултат на намалувањето на опасноста од пандемијата, бидејќи појавата на новите соеви е сѐ уште реалност, туку повеќе како резултат на стекнатите навики односно на фактот дека се научивме да живееме, функционираме и работиме со истата. Животот продолжува, па очекувањата за побрза стабилизација го поттикнаа нашиот ентузијазам во спроведувањето на деловните планови.

Во ваква атмосфера, ТТК Банка продолжи да ја спроведува својата деловна стратегија, издржливо и цврсто и втемелена на фокусот кон потребите на клиентите. Останавме силни и приспособливи на специфичното економско и социјално опкружување.

Ваквата деловна стратегија ни овозможи да реализираме уште една успешна година и ја потврди нашата ефикасност и придобивките од градењето долгорочна соработка со клиентите, од вложувањето во иновативни производи и услуги и од политиката на одржливост на разните сегменти на дејствување.


ТТК Банка брзо и навремено ги препозна и проактивно управуваше со позначајните ризици предизвикани од пандемијата. Со добро дефинирана стратегија, и покрај сложениот економски амбиент во државата, успеавме да го задржиме уделот на ненаплатливи кредити на ниско ниво.

Развојот на новите и иновативни производи и услуги и нивната широка достапност е еден од нашите главни приоритети. Континуирано вложуваме во надградба на функционалностите на електронското и мобилното банкарство. Оваа година нашата понуда ја дополнивме и со втор картичен бренд, бесконтактна MasterCard картичка, којашто е одлично прифатена од клиентите. Тоа беше придружено со започнување на процесот на интензивно проширување на мрежата на банкомати што ќе продолжи и во текот на следната година. Со ова, на нашите клиенти значајно им се поедноставува секојдневното банкарско искуство, овозможувајќи им подостапно и полесно управување со финансиите.

Сегашната клима сугерира дека и следната година ќе биде предизвикувачка. Ние, како банка, ги следиме настаните и се приспособуваме на нив. Нашата цел е секоја година да бидеме подобра банка и подобар партнер на нашите клиенти, вработени и акционери, а тоа, како тренд, го покажуваат досегашните деловни резултати и клучни финансиски показатели.

Во 2022 година, ТТК Банка АД Скопје ќе продолжи да дејствува проактивно, фокусирајќи се кон квалитетот на активата, управувањето со ризикот и контролата на трошоците, како и стабилното и профитабилно оперативно работење врз основа на реални и предвидливи очекувања. Располагаме со висока капитална и ликвидносна позиција, здрави основи за континуиран одржлив раст што нѐ прави подготвени за соочување со потенцијалните ризици, но и за искористување на приликите.

Оваа наша стратешка задача ја надополнуваме и со мерки и активности во тековното работење коишто значат натамошно одржување и унапредување на конкурентноста на понудата на нашите производи и услуги, преку континуирано приспособување и подобрување на условите на производите, а во согласност со потребите на корисниците и пазарните услови.

Во оваа прилика би сакал на сите граѓани на нашата држава да им ги честитам новогодишните и верските празници со желби за добро здравје, среќна и успешна година!

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот