26 Април, 2024
0.0277

Асенд Капитал отвара кол центар во Македонија, се планираат 150 вработувања

Објавено во: Економија 05 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Британската компанија Асенд Капитал која воедно е и сопственик на Актив Груп со глобална мрежа на Кол Центри во Европа и Африка од Велика Британија ќе инвестира во Македонија. Ова денес на прес конференција го најавија директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида и директорот на компанијата Џастин Драмонд. „Асенд Капитал отвара кол центар за директен маркетинг и регионална продажба на еколошки препарати за чистење, инвестиција вредна неколку стотици илјади евра. Од регионот, првично ке се опфатат земјите од Балканот како Србија, Бугарија, Косово и Турција. Во период од 12 до 18 месеци Британската компанија планира да вработи 100 до 150 млади кадри од Македонија со познавања на регионалните јазици. Покрај вработувањата кои се најголема придобивка за земјата инвестицијата ке влијае и на подобрување на трговскиот биланс со земјите од регионот”, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида. Сопственикот на британската компанија, Џастин Драмонд пак посочи дека ова е одлична можност и за нив. „Oваа првична инвестиција ќе преставуваа одлична платформа за проширување на нaшите инвестиции во Македонија“, истакна Дранонд, а беше посочено и дека од компанијата ја разгледуваат можноста за инвестирање во хотелиерството, во индустријата за недвижнини и минерални ресурси. Како главни причини за одлуката за инвестирање во Македонија компанија ја посочи одличната деловна клима во земјата, стабилната макроекономска политика, цената на трудот и помошта од Агенцијата за Странски Инвестиции и канцеларијата во Велика Британија.      

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката