28 Април, 2024
0.0428

Asset Management и консалтинг индустријата - избор за развој на кариерата на се повеќе банкари

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Личниот развој и широката понуда на финансиски продукти влијае се повеќе искусни банкари да одлучат да сменат делокруг на работење и да ја продолжат својата кариера во небанкарскиот финансиски сектор.

Мартин Димитриевски е поранешен искусен банкар кој пред 9 години продолжува со градење на својата кариера во небанкарскиот финансиски сектор. Во моментов е Главен Извршен директор на ВФП Плус Консалтинг и еден од најуспешните лидери на тимови во продажба во ВФП Групацијата.

Во разговорот со Мартин Димитриевски, разбираме повеќе за неговите почетоци во небанкарскиот финансиски сектор, за главните мотиви на значаен број на искусни банкари да се приклучат на неговиот тим во текот на изминатата година, за тоа како изгледа процесот на консултирање на клиентите со цел понуда на соодветен финансиски производ и многу друго.

Во прилог дел од разговорот:

Со големо претходно искуство во банкарскиот сектор, почнувате да се развивате во областа на небанкарски финансиски услуги, како започна и се развиваше Вашата приказна во овој сектор?

Мартин: „Продажбата е нешто што цел живот ме инспирираше, поле каде себе се гледам најмногу“

Мојата приказна во овој сектор трае веќе 9 години. По искуството стекнато во банкарскиот сектор од 8 години, продолжив во сферата на финансии, како дел од Групацијата ВФП која даде малку поширока слика од она што е работењето во банките. Во 2019 годинаспоред постигнатите резултати бев прогласен за најдобар во продажба во целата групација во Европа. Додека во 2020 година започнавме со нова приказна ВФП Консалтинг, каде што ставивме акцент на access to finance. Денес имаме една лепеза на производи од финансиската сфера која дава можност на секој кој е насочен во овој сегмент да се пронајде во некој од производите и услугите кои ги нуди ВФП Групацијата.

Како изгледа процесот на едуцирање и консултирање на клиентите при понуда на финансиски производ?

Мартин: „Немаме унифицирано решение или единствена понуда која е апликативна за сите“

Верувајте, она што секогаш било, е, и ќе биде е најголема наша девиза или предност е да го разбереме бизнис моделот, мора да го разбере клиентот, неговите потреби, неговите инвестиции, развојната компонента, начинот на функционирање за да можеме да понудиме custom made решение на кое понатака ќе работиме. Кога се во прашање инвестиции, пристап до финансии, најдобра алокација на ресурси, поддршка во делот на извозна стратегија, маркетинг стратегија е нешто каде нашата компанија, односно нашите луѓе се гледаат како најспремни и каде можеме да дадеме најголем допринос.

Дали обврските во продажба на финансиски производи завршува со самото потпишување на договорот?

Мартин: „По потпишување на договорот со клиентот всушност започнува таа грижа која е перманентна, постојана и на која толку ставаме фокус и внимание како продавачи.“

Во принцип склучувањето на договор е дел кој најмалку зазема простор во целокупното работење. Во денешно време на работење и стопанисување, многу брзо се случуваат промени, сите потреби и трендови ги пратиме да нашата реакција биде правовремена, вистинска за клиентот да се чувствува безгрижен од делот на тоа дека од аспект на услуга и производ е опслужен онака како што треба и заслужува.

Како изгледа една работна недела на Лидер во продажба на небанкарски финансиски производи?

Мартин: „Нема недела каде немаме едукативни активности“

Работната недела обично започнува со правење на план и стратегија заеднички со тимот. Поставуваме неделна основа на работа, платформа на работа по која прилично добро се движиме. Прилично многу работиме на едукација. Тоа што може да се нагласи е дека нашите луѓе кои работат во продажба, недели и недели на годишна основа минуваат на разни школувања и едукации во земјава и странство, се со цел да бидат подготвени за се она што значи предизвик, а тоа е продажбата која ги очекува со правните и физички лица. Често дел од работната недела е некој настан, панел, како и многу customer care состаноци. Прилично е динамична работната недела во продажба.

Минатата година голем број банкари се приклучија на Вашиот тим, кој беше нивниот главен мотив и зошто оваа индустрија е атрактивна за нив?

Мартин: „Луѓето од финансиската сфера го препознаа начинот на работа каде имаат многу повеќе можности, предизвици и самата големина на ВФП Групацијата, за заеднички да тргнеме во акција

Финансиската сфера, односно консалтинг делот и се она што значи инвестициски фонд, осигурување и заштеда, доброволен пензиски фонд, кога зборуваме за цела оваа лепеза на финансиски продукти е нешто што во изминатата деценија стана прилично интересно и се доближи до европските и светските трендови и едноставно таквата индустрија е прилично барана во овој период.

Улогата на консултантите во делот на access to finance, во делот на бизнис дијагностиката е многу потребна, и можеби најголема. Во Македонија во оваа фаза се отвораат ЕУ фондови кои нудат исклучително добра можност за нашите компании и сметам дека е еден сегмент кој е баран и посакуван во овој период и има голема перспектива. Тоа го препознаа луѓето од финансиската сфера за заеднички да тргнеме во акција.

Младите претпочитаат трошење наместо штедење, што Вие правите да ги подобрите финансиските навики на младите генерации?

Мартин: „Нашата идеа е да имаме идни поколенија на здрава финансиски едуцирана генерација која на возраст од 18 години веќе ќе имаат добра основа за носење здрави финансиски одлуки“

Ова е една многу интересна тема на која што работиме уште од самиот старт. Сметаме дека е потребна финансиска писменост и финансиска едукација на популацијата. Тргнуваме од најразлична возраст, кога е во прашање ВФП Фонд Менаџмент, дури имаме цела програма, Јуниор Инвестициски Клуб или Клуб за деца инвеститори, каде од најрана возраст освен што ги промовираме навиките за штедење и инвестирање, работиме на финансиска едукација за нив и нивните родители.

Целосниот разговор можете да го изгледате во следното видео:


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг