(АУДИО) Еве како звучеше земјотресот кој вчера ја погоди Хрватска
Објавено во: Балкан 30 Декември, 2020
Објавен е аудио запис од разорниот земјотрес кој вчера ја погоди Хрватска со јачина од 6.2 степени.
Научниот канал за природни катастрофи „CATnews“ објави аудио запис од овој земјотрес. CATnews на својот профил на Твитер наведува дека ги објави сеизмичките сигнали на земјотресот што ја погоди Хрватска во аудио форма. Тие посочуваат дека сигналот што може да се слушне е 20 пати побрз од оригиналот и препорачуваат користење бас за да се слушне целиот спектар на звук. Хрватите уште се во шок. Овој научен канал за елементарни непогоди главно се фокусира на земјотреси и цунами. И денеска на хрватско тло имаше повеќе земјотреси.
Како звучеше земјотресот можете да слушнете овде.