Аутистични близначиња се удавија во домашен базен
Објавено во: Свет 27 Јули, 2017
Тригодишните „магични“ близначиња Николас и Ентони Аурилиа се удавија во семејниот дом откако утрото излегле од куќата без никој да ги забележи додека нивната мајка Сју спиела. И двете близначиња имале аутистичен спектар, а Сју вели дека со години се мачела да дојде до нормална бременост по што конечно ги добила Николас и Ентони. Големата трагедија на ова семејство од Лонг Ајленд полицијата ја окарактеризира како несреќен случај и нема да биде покрената кривична одговорност засега.