26 Април, 2024
0.0283

„Аутомобили Гроуп новиот овластен увозник на Jaguar & Land Rover за Македонија и Косово“

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

- Премиум автомобилските брендови Jaguar и Land Rover се враќаат на македонскиот пазар. Аутомобили Гроуп e новиот официјален импортер и дистрибутер на овие возила за регионот Македонија и Косово во соработка соWallis Automotive Europe.

Нашето долгогодишно искуство во оваа индустрија ни даваза право да бидеме сигурни во успехот на Jaguar и Land Rover во Македонија и Косово: побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент на премиум автомобили за целосно задоволство на клиентите.

Истовремено би сакал да им се заблагодарам и на Wallis Automotive Europe, официјалниот застапник на возилата на Jaguar и Land Rover за Адриатик регионот, за искажаната довербаи соработката со нашата компанија.“- изјави генералниот директор на Аутомобили Гроуп г. Кочо Бураку, на денешната прес-конференција која се одржа во ресторан FOUR, Park Hotel & Spa.Во моментот се подготвува новиот објект кој ќе опфаќа 680м2 и истиот ќе се состои од влезен простор, изложбен салон за Jaguar и за Land Rover,продажба и back office, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила во сервис. Официјалното отворање на новиот салон ќе се случи во април 2017та година. 


„ Како што и најавивме во изминатиот период, денес би сакал да го истакнам моето задоволство од договорената соработка со еден навистина сериозен партнер, компанијата Аутомобили Гроуп, која ќе биде новиот овластен дистрибутер и сервисер за Jaguarи Land Roverна територијата на Македонија и Косово. Како што веќе знаете британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија Wallis Аutomotive Europe, да ги претставува овие брендови во регионот Адриатик и тоа токму во овој возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст. Jaguar – оваа година забележа пораст од 82% – и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. Исто така до крајот на оваа финансиска година, Jaguar и Land Rover кој располагаат со најмладата гама, ќе комерцијализираат и три нови модели.“ – изјави генералниот директор на Wallis Automotive г. Ендру Прест.



Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”