АВСТРИЈЦИТЕ НЕ ПРИМААТ ИТАЛИЈАНЦИ: Исклучок ќе биде направен под еден услов
Објавено во: Свет 10 Март, 2020
Австрија забрани влез за луѓето што доаѓаат од Италија.
Земјата воведе забрана за сите луѓе кои доаѓаат од Италија, освен ако немаат лекарско уверение, најави канцеларот Себастијан Курц.
Сепак, Австријците кои во моментов се во Италија се охрабрени да се вратат, пренесува РТ.
„Ќе има забрана за влез на лицата кои патуваат од Италија во Австрија, при што исклучок се луѓето што имаат лекарско уверение“, вели Курц.
На Австријците кои се наоѓаат во Италија ќе им биде дозволено да се вратат, но мора да останат во изолација две недели.
Министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, изјави дека полицијата ќе го испита движењето на италијанската граница.
Австрија има пријавено повеќе од 150 потврдени случаи на коронавирус.Компаниите ќе го натераат персоналот да работи од дома.