Автобус излетал кај велешката патарина - има повредени
Објавено во: Македонија 20 Август, 2017
Автобус вечерва околу 19 часот излетал од патот после патарината кај Велес, информираат од полицијата.
Возачот на автобусот изгубил контрола и излетал во близина на зимскиот пункт Кула кој се наоѓа на автопатот Велес – Скопје.
Полициски и возила на итната медицинска помош се на местото на несреќата и ги извлекуваат патниците.
Сообраќајот е во застој, а граѓаните велат дека колона има од Велес до патарината.
Неофицијално, има над 20 повредени.