17 Мај, 2024
0.0258

Бајрам Реџепи: 33-те милиони евра ќе му ги префрлиме на „Макпетрол“ кога Владата ќе донесе одлука

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Бајрам Реџепи, директорот на Национални енергетски ресурси, вели дека 33-те милиони евра ќе му бидат исплатени на „Макпетрол“ за купување на половичниот дел од АД ГА-МА кога Владата ќе донесе одлука за тоа.

Во моментов парите ги чува НЕР на посебна сметка уште од 2019, а Реџепи вели дека за трансакцијата да биде одобрена, договорот треба да го потпише и Европската енергетска заедница.

По изгласувањето на законот за решавањето на спорот на крајот од минатата година, се создадоа услови државата да стане единствен сопственик над АД ГА-МА, која го оджува системот за пренос на рускиот гас кој единствено доаѓа од Деве Баир па до скопскиот регион. АД НЕР го гради националниот гасовод и предвидено е овие две претпријатија да се спојат во едно кога ќе биде откупено приватното сопствеништво на АД ГА-МА.

- Договорот помеѓу Владата и Макпетрол е трипартиден. Потпис треба да стави и Енергетската заедница, која беше медијатор за надминување на спорот и гарантор на договорот. Кога ќе се потпише, Владата треба да донесе одлука за исплата. Тоа може да се случи и во текот на овој месец, вели Реџепи.

Директорот на НЕР вели дека Владата со одлуката ќе го задолќи претпријатието директно да му ги префрли парите на „Макпетрол“ или пак тие да се вратат во буџетот, па од таму да и се исплатат на компанијата.

Понатаму предвидено е НЕР да ја превземе АД ГА-МА, или пак како втора опција се остава простор да се формира трето претпријатие составено од овие две. Реџепи вели дека од УСАИД е одобрен грант за техничка помош за како да се изведе овој процес.

- Следниот чекор е акциите од новиот оператор кој ќе се формира да прејдат во сопственост на Министерството за економија, а понатаму ќе се бара лиценца за работа од Регулаторната комисија за енергетика, најавува Реџепи.

Тој вели дека во последната фаза ќе следува сертификација од Европската енергетска заедница пред да започне со работа единствениот национален преносител на природен гас кој ќе биде во целосна државна сопственост.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА