26 Април, 2024
0.0290

Банк експо: Денарот во банките е рамо до рамо со Еврото

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Трета година по ред учеството на денарското штедење расте, од 35 отсто во 2009 на 48 проценти во 2012 година што покажува дека македонските граѓани имаат доверба во банките и во домашната валута.  Вкупните влогови изнесуваат 171 милијарда денари, беше речено на денешниот форум „БанкЕкспо“ организиран по повод Светскиот ден на штедењето. Гувернерот Димитар Богов изјави дека македонските граѓани имаат доверба во банките. Штедењето на населението продолжува да расте. Годинава бележи зголемување од 9,2 отсто во однос на лани. - Нашиот банкарски систем е стабилен, нема поголеми проблеми, адекватноста на капиталот е на исклучително високо ниво од 17 отсто, а ликвидноста се држи на историско ниво од околу 30 отсто од вкупната актива. Тоа гарантира стабилен банкарски систем и можност банките да ја поддржуваат домашната економија – вели Богов. Министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека интересот за штедење во денари е засилен и е зголемен интересот за подолгорочно штедење.
- Годинашниот Светски ден на штедењето во Македонија го дочекуваме  на најдобар можен начин, со историски највисоко ниво на штедење. Според податоците на Народната банка, на крајот на минатиот месец вкупните депозити во банкарскиот сектор изнесуваат 238 милијарди денари. Зборуваме за капитал кој моментно циркулира во стопанството и постојано се оплодува – вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во обраќањето на форумот.
Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, директор на НЛБ Тутунска банкав, вели дека депозитите од почетокот на 2012 се зголемени за 5 отсто или за 140 милиони евра и покрај кризата која годинава има поголем замав. - Тоа укажува дека политиката на одржување стабилен курс на денарот, стабилни цени, ниска инфлација и фискална дисциплина, ги даваат потребните резултати, подвлече Јанчевски. На БанкЕкспо што првпат се организира во Македонија учествуваат претставници од сите релевантни креатори на бизнис-климата, банки, комори, стопанственици и експерти. Во тек е дебатата за влијанието на актуелната криза. Се очекува да бидат изнесени или понудени конкретни предлози и решенија за нејзино евентуално ублажување. Пред почетокот им беа доделени признанија на најдобрите шалтерски работници годинава.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат