29 Април, 2024
0.0243

БАНКАРИТЕ НА НОЗЕ: Не сакаат при земањето пари од стечајната маса на Еуростандард штедачите да имаат предност пред Фондот за осигурување на депозити

Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Банкарите од земјава реагираат дека не е точна информацијата која минатата недела ја пренесоа штедачите од Еуростандард банка, а таа е дека тие ќе имаат предност на намирување од стечајната маса, пред Фондот за осигурување на депозити.

„Во врска со неодамнешните написи објавени во средствата за јавно информирање со кои се дава неточно известување за правата на доверителите при распределбата на средствата од стечајната маса во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, при што се сугерира да не се почитува Законот за стечај по однос на начинот на намирување на побарувањата на доверителите од ист исплатен ред, Македонската банкарска асоцијација ја потсетува јавноста за следното:

- Фондот за осигурување на депозити иако е државна финансиска институција основана со посебен закон, истиот целосно е финансиран од премиите за осигурување на депозитите на физичките лица кои ги уплаќаат банките и штедилниците согласно нивната законска обврска;

- благодарение на неговата поставеност и улога, како и на целосната финансиска поддршка од членовите на Македонската банкарска асоцијација, Фондот за осигурување на депозити даде значаен придонес кон создавање на стабилен и сигурен банкарски сектор кој ужива огромна доверба кај штедачите, поради што ваквата реалност не смее да биде загрозена од никого и на ниту еден начин;

- Фондот за осигурување депозити во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, навремено и ефикасно ја изврши својата законска обврска и од средствата на Фондот досега се обесштетени 90 отсто од штедачите - физички лица со право на обесштетување;

- статусот на Фондот за осигурување на депозити на доверител со утврдено побарување во предметната стечајна постапка е неспорен за правниот систем на нашата држава, а тоа го потврдија и судовите со свои одлуки“, се вели во соопштението од МБА.

Во таа смисла, Македонската банкарска асоцијација очекува во рамки на стечајната постапка над  Еуростандард банка АД Скопје во стечај целосно да се почитуваат одредбите од Законот за стечај и Фондот за осигурување на депозити како доверител, рамномерно и пропорционално да се намири истовремено со сите други доверители од ист исплатен ред, нагласуваат оттаму.

„Сметамe дека секоја друга одлука би можела да нанесе ненадоместлива штета директно на Фондот за осигурување на депозити, а со тоа и индиректно на банките и штедилниците коишто го финансираат овој Фонд“, нагласуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?