04 Мај, 2024
0.0266

Банките никаде не простуваат камати, тие мора да останат стабилни за добро да ни ги чуваат парите, вели првата финансиерка

Објавено во: Финансии 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Првата финансиерка, Нина Ангеловска, вели дека во ниту една земја банките нема да им ги простат каматите на граѓаните, па дури и оние што воведоа мораториум на обврските. 

Таа смета дека е битно банките да останат стабилни, за да можат да и даваат поддршка на економјата и после коронакризата, но и дека е подобро со нив да се води конструктивен дијалог, наместо да се тераат мерки да преземаат со сила. 

Ваков е нејзиниот став на прашањето зошто банките, за периодот од шест мееци колку што ќе трае одложувањето на ратите од кредитите, сепак, ќе наплатуваат камата од граѓаните, но и за тоа што тие не дадоа мораториум на обврските.

„Често се коментираше зборот мораториум. Конструктивен дијалог е подобар од наложување или диктатура. НБМ, МФ и Владата соработуваа за соодветно решение. Тоа е да се заштитат граѓаните денес и во иднина. Тоа што банкарскиот сектор е стабилен, треба да биде таков и по корона кризата. Се поставуваше прашање дали сите банки ќе ги одложат отплатите, и еве гледаме дека тоа се случува не само за три, туку и за шест месеци“, рече Ангеловска. 

Кога станува збор за каматите, вели Ангеловска, треба да имаме предвид дека дури и кај земјите кај кои се воведе мораториум, каматите не се бришат комплетно односно не се простуваат. 

„Словенија, Црна Гора, Албанија, Словенија, каматите течат, за да нормално продолжи да функционира банкарскиот сектор. Банките треба да се солидаризираат, но треба да ги чуваат парите на граѓаните и во иднина“, смета министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата