30 Април, 2024
0.0260

Банките се должни да ги информираат граѓаните за надоместоците кои ги наплаќаат, еве што велат од Народна банка

Објавено во: Финансии 06 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Банките се должни, на граѓаните, пред да пристапат кон користење на платежните услуги, да им дадат т.н. информативен документ со стандардизирана структура, поими, термини и дефиниции, за надоместоците коишто им ги наплаќаат. 

Целта е на граѓаните да им се даде поширока информација и можност за споредба на надоместоците, пред да донесат одлука од која банка ќе користат платежни услуги, посочува заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи, при Народната банка, Биљана Доновска-Гечева, во гостување на телевизија Канал 5.

- Законот за платежни услуги и платни системи има за цел да ја осигури транспарентноста и заштитата на потрошувачите. Во согласност со Законот, Народната банка пропиша единаесет најрепрезентативни услуги коишто се поврзани со платежната сметка и овозможуваат споредба на надоместоците. Од септември минатата година, на веб-страницата на Народната банка е поставена алатка преку која граѓаните може да ги споредат надоместоците коишто ги наплаќаат давателите на платежните услуги, според банката или според видот на услугата. Алатката е едноставна за користење, но доколку на граѓаните им се потребни дополнителни информации, исто така содржи и објаснувања - вели Доновска-Гечева.

Заменик-директорката посочува и дека банките се должни, на почетокот на годината, да им достават извештај на своите корисници за надоместоците коишто им ги наплатиле во текот на изминатата година.

Доновска-Гечева истакнува дека рамковниот договор помеѓу банката и корисниците на платежните услуги е клучен документ, со кој се уредуваат правата и обврските за двете страни. 

- Законот за првпат ја определува содржината на рамковниот договор и во таа смисла, сите одредби коишто ги пропишува Законот за поголема заштита на потрошувачите важат и за договорите коишто граѓаните ги исклучиле пред стапувањето во сила на овој закон, односно пред 1 јануари 2023 година. Секако, доколку граѓаните не се задоволни од обезбедувањето одредена платежна услуга во согласност со договорот, тие имаат право да поднесат приговор до банката од која ја користат таа услуга, а понатаму и поплака до Народната банка. Ние соодветно постапуваме според поплаките на граѓаните - вели Доновска-Гечева.

Можеби ќе ве интересира

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија