17 Мај, 2024
0.0320

Банките со неодоливи станбени кредити, расте и пазарот на недвижнини

Објавено во: Економија 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Со рекордно ниски камати и со многу поволни услови банките во земјава нудат станбени кредити. Како никогаш до сега, банкарите го олеснија пристапот до пари за нов дом, а тоа се должеше секако на поволните услови на меѓународниот пазар и конкуренцијата дома. Моментално има понуди со фиксна  камата и за првите десет години што е исклучително поволно за сите идни клиенти. Коронакризата засега не прелеа значајно влијание на банкарскиот сектор, а според податоците од април има раст на кредитирањето на домаќинствата. Сепак најзначаен повторно е растот на станбените кредити и тоа на годишна основа тие во април пораснале за 13,6 проценти. Во четвртиот месец инаку банкарското портфолио во станбени кредити изнесува безмалку 865 милиони евра, а бележи раст и на месечна основа од 0,4 проценти. Ако се споредува со крајот на минатата година, вкупната сума издадена како станбен кредит пораснала за 30 милиони евра. Во исто време, според статистиката до март од Агенцијата за катастар регистриран е раст на бројот на трансакции, што укажува на раст на пазарот на недвижнини.

Атрактивни понуди за станбени кредити испорачаа македонските банки и во услови на пандемија со Ковид-19. Халк банка објави минатата недела дека нуди уште поповолни услови и најниска каматна стапка – односно 3,2 проценти фиксна за првите десет години и рок на отплата од 30 години.

„Во услови кога полека се намалува кризата од КОВИД-19 и кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, сите оние сакаат да купат стан, куќа, деловен простор или да извршат рефинансирање на изложеноста во други банки по основ на станбен кредит, тоа можат да го реализираат многу лесно со Станбениот кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од ХалкОсигурување кој сега е со уште подобри услови, креирани за посткризниот период, велат од Халкбанк.

Кога станува збор само за станови во периодот од јануари до март годинава на целата територија на Македонија се продадени 719 новоизградени станови што е за 162 станови помалку од четвртиот квартал во 2019 година. Согласно со статистиката на Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со март, на целата територија на државата има 6.432 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените станови за 390 станови. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.706 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Според статистиката пак на Народната банка, пак во последните три години има значајно зголемување на сумата издадени станбени кредити. Во 2017 година, во април во станбени кредити с епласирани само над 15 милиони евра.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА